Спорт
Србинките со одлично второ полувреме стартуваа со победа
Србија во првиот меч од групата А на Европското првенство во ракомет во Франција, успеа со одлично второ полувреме да ја совлада Полска со 33:26 (13:14) за старт за надеж во тешката група во која се и Данска и Шведска.
Поранешната ракометарка на ЖРК Ме…
Србија во првиот меч од групата А на Европското првенство во ракомет во Франција, успеа со одлично второ полувреме да ја совлада Полска со 33:26 (13:14) за старт за надеж во тешката група во која се и Данска и Шведска.
Поранешната ракометарка на ЖРК Металург, Катарина Крпеж Шлезак беше лидер на српскиот тим, постигнувајќи фантастични 11 голови, а по пет имаа Јелена Лавко и Јована Стоиљковиќ. Кај Полска најефикасна беше Каролина Кудлач-Глоц со шест голови.
Поранешната вардарка, Андреа Лекиќ, пак стигна до својот јубилеен 100. гол на Европските првенства.
Вечерва од 21 часот на програмата е скандинавското дерби Данска-Шведска, додека Црна Гора го стартува шампионатот во дуел со Словенките.
ГРУПА А
Србија – Полска 33:26 (13:14)
Данска – Шведска 21 ч.
.@rssrbije ?? goals coming thick and fast now and Tamara Radojevic put her side six up with this shot#SRBPOL #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/IHW4GpVGVT
— EHF EURO (@EHFEURO) November 30, 2018
. @handballpolska are playing well so far and have held the lead for most of this first half. Don’t count @rssrbije out though! #SRBPOL #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/pH9r3cTG8c
— EHF EURO (@EHFEURO) November 30, 2018
Player of the match award presented by @Salming_Hand , with 11 goals, goes to Katarina Krpez Slezak from @rssrbije ?#ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/VcP4fGwd9l
— EHF EURO (@EHFEURO) November 30, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.