Спорт
Србите се најуспешни странци во историјата на НБА-ол стар натпреварите
Иако кошарката одамна е глобален спорт, сепак на најсилната кошаркарска лига во светот, американската НБА, долго ѝ требаше пред да ги отвори вратите за кошаркарите од другите континенти во светот.
Кон крајот на 80-тите одењето во НБА на Дражен Петровиќ, Владе Дивац и Шарунас Марчуљонис значеше голем чекор напред за странците во НБА. Сега е поинаку.
Од 450 места во НБА-клубовите, над 100 ги пополнуваат играчи родени надвор од САД. Оваа сезона странците во НБА доаѓаат од 42 земји. Малкумина од нив добија повик на годинешниот ол стар натпревар.
Од 24 играчи на спектакуларниот меч (плус двајцата што добија посебна покана, Дирк Новицки и Двејн Вејд), петмина се странци, а тројца од нив се дебитанти во лигата.
Се работи за Србинот Никола Јокиќ, Црногорецот Никола Вучевиќ и Австралиецот Бен Симонс. Втор настап оваа година има Камерунецот Жоел Ембид, а листата ја затвора Гркот Јанис Антетокумпо.
Во историјата на ол стар мечевите Србија е рекордер по бројот на свои играчи. Еве ја и листата на странци во историјата на ол стар мечевите:
3 – Србија (Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ и Никола Јокиќ)
2 – Германија, Шпанија, Канада (Дирк Новицки, Детлеф Шремпф/ По Гасол, Марк Гасол/Стив Неш, Џамал Маглор)
1 – Аргентина (Емануел Џинобили), Нигерија (Хаким Олајџувон), Холандија (Рик Смитс), Кина (Јао Минг), Литванија (Жидрунас Илгаускас), Русија (Андреј Кириленко), Франција (Тони Паркер), Турција (Мехмет Окур), Словенија (Горан Драгиќ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

