Спорт
Средношколски фајнлфор-натпревар за учебната 2017/2018 година
На завршните натпревари на градскиот фајнлфор-натпревар, кој денеска се игра во спортска сала на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во екипните спортови футсал и ракомет, во женска и во машка конкуренција, присуствуваше градоначалникот Шилегов.
„Се гордеам што денеска имам можност да ве поздравам и да се дружам со вас. Дозволете ми веднаш и од срце да ви честитам што успеавте да постигнете резултати за почит, резултати за голема афирмација на спортот во средните училишта. Спортот е важна алка во развојот на младите. Град Скопје посветено ги поддржува сите млади луѓе што се мотивирани да се занимаваат со спорт. Работиме на унапредувањето на училишниот спорт и мотивирањето на младите повеќе да спортуваат и за таа цел годинава за организација на средноучилишниот спорт во Скопје одвоивме 2.300.000 денари“, изјави Шилегов.
Тој нагласи дека за поттикнување и наградување на спортот во средните училишта, Градот продолжува со зголемен буџет од 1.400.000 денари (400.000 денари повеќе од лани), средства што се наменети за посета на најдобрите градски репрезентации на средните училишта во колективните спортови во еден од збратимените градови на Град Скопје.
Досега средношколците имаа успешни гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград, а Град Скопје годинава обезбеди буџетски средства за патување во збратимениот град Нирнберг, Германија, за најдобрите средношколски екипи во мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.
– Не можам да го скријам задоволството дека со вашиот ангажман и ангажманот на вашите професори по физичко воспитување изминативе години покажавте дека само со истрајна, упорна и посветена работа се стигнува до саканиот резултат. Ме радува тоа што вашата спортска амбиција напредува и се развива. Од срце ви пожелувам и натаму со жар и посветеност да спортувате и да ги браните боите на вашите училишта, во исто време бранејќи ги и имиџот и достоинството на Град Скопје – истакна Шилегов.
Градоначалникот им се заблагодари и на професорите по спорт и спортски активности за поддршката и за несебичното вложување во своите екипи за средношколскиот спорт да достигне што повисоко ниво.
Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари, во кои се вклучија околу 6.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје.
Денеска се играа финалните натпревари по футсал и ракомет, а утре во истата сала ќе се одиграат финалните натпревари во одбојка и кошарка, во женска и во машка конкуренција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.