Спорт
„Старата дама“ во лов на „црвени ѓаволи“
Нова доза врвен европски фудбал следува вечерва. Натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ќе го комплетираат четвртото коло во Лигата на шампините. Натпреварот што ќе привлече најголемо внимание ќе се одигра во Торино каде Јувентус ќе го пречека Манчестер ј…

Нова доза врвен европски фудбал следува вечерва. Натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ќе го комплетираат четвртото коло во Лигата на шампините. Натпреварот што ќе привлече најголемо внимание ќе се одигра во Торино каде Јувентус ќе го пречека Манчестер јунјатед.
Јувентус пред две недели победи на „Олд Трафорд“ со голот на Паоло Дибала. Италијнскиот првак со евентуална победа ќе обезбеди место во нокаут рундата. Прашање е што дали и како Манчестер јунајтед може да му наштети на Јувентус во Торино. „Црвените ѓаволи“, во првиот меч беа целосно инфериорни. Единствено позитивно за нив од тој натпревар е што беа поразени само со 1:0.
Дуелот ќе биде интересен и поради Пол Погба, кој прв пат во кариерата ќе игра во Торино против својот поранешен клуб.
Интересна пресметка се очекува и во Плзен, каде на Викторија ќе и гостува Реал Мадрид. Во првиот меч Реал победи на искуство, а играчите на Викторија промашија неколку изгледни шанси, особено во финишот на мечот. Ова ќе биде деби во Лигата на шампионите за Сантијаго Солари. Аргентинецот минатиот викнед стартуваше со победа во Ла Лига. Реал не блескаше и со многу среќа славеше над Ваљадолид.
Група Е:
21.00 Бенфика-Ајакс
21.00 Баерн Минхен-АЕК
Табела: Ајакс 7, Баерн 7, Бенфика 3, АЕК 0
Група Ф:
21.00 Манчестер сити-Шахтјор
21.00 Олимпик Лион-Хофенхајм
Табела: Ман.сити 6, Лион 5, Хофенхајм 2, Шахтјор 2
Група Г:
18.55 ЦСКА Москва-Рома
21.00 Викторија Плзен-Реал Мадрид
Табела: Рома 6, Реал 6, ЦСКА 4, Викторија 1
Група Х:
18.55 Валенсија-Јанг Бојс
21.00 Јувентус-Манчестер јунајтед
Табела: Јувентус 9, Ман.јунајтед 4, Валенсија 2, Јанг Бојс 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис очекува „повеќе хаос на трките“
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, изјави дека очекува „многу повеќе хаос на трките“ оваа сезона поради најголемите промени во правилата во историјата на шампионатот.
Формула 1 влегува во нова ера со целосно променети правила – новите мотори, шасијата, горивото и гумите, како и управувањето со енергијата на батериите ќе играат централна улога.
Хибридните системи сега обезбедуваат значително поголем дел од вкупната моќност на моторот.
„Ќе видите повеќе хаос на трките, каде што возачот мора да биде многу посвесен за сите различни ситуации што можат да се случат“, рече Британецот.
„Тоа ќе се случува во текот на целата година. Поголем акцент се става на способноста на возачот да ги контролира сите тие фактори.“
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Нереални сцени на натпреварот од Младинската лига на УЕФА во Келн
Младинската лига на УЕФА влезе во нокаут фазата, познати се сите учесници во осминафиналето.
Натпреварите одиграни во рамките на 1/16-финалето ги обележа дуелот во Келн.
Германскиот тим таму беше домаќин на Интер, а атмосферата беше неверојатна. Клубот ги распродаде сите 50.000 билети за натпреварот на младинскиот тим, а атмосферата беше еднаква на онаа што ја гледаме во најдобрите натпревари од Лигата на шампионите.
Cologne sold 50,000 tickets for today's UEFA Youth League game vs. Inter, setting a new competition attendance record 😲
Immense support. What an experience for those youngsters 👏pic.twitter.com/dU1OzIhtiO
— Men in Blazers (@MenInBlazers) February 4, 2026
Ова не му помогна на Келн да го елиминира Интер, иако домашниот тим беше блиску да се избори за пенал-рулетот. На крајот, загуби со 3:1, со два гола во судиското продолжение, Зарате Идалго постигна во 90+7, а Кукулис во 90+8 минута, во двата наврати асистент беше младиот Црногорец Вукоје.
Оваа фаза донесе и неколку големи изненадувања, Манчестер Сити и Барселона беа елиминирани од понатамошниот тек на натпреварувањето. ХЈК беше подобар од „граѓаните“, во Хелсинки победија по изведување на пенали – 3:3, 4:3.
Шпанскиот тим исто така немаше среќа по изведувањето на пенали, Макаби Хаифа беше подобар од Барселона во Унгарија – 2:2, 3:1. Резултатот од Варшава исто така беше изненадување, каде Легија го победи Ајакс – 2:1.
Претходно, во вторниотк, Жилина го победи Ливерпул со 2:1 пред 10.500 гледачи.
Плајсман во осминафиналето изборија: Атлетико Мадрид, ПСЖ, Бенфика, Виљареал, Спортинг, Бетис, Челзи, Бриж, Реал Мадрид, Ајнтрахт, АЗ Алкмар и Жилина.
Спорт
Порзингис „трејдуван“ во Голден Стејт
Летонецот Кристапс Порзингис ја продолжува кариерата во Голден Стејт Вориорс.
Претходната вечер тој беше дел од размената, која во Атланта Хокс ги донесе Бади Хилд и Џонатан Куминга.
Со оваа зделка, Атланата стави крај на возбудлив период во кој, да потсетиме, го разменија и лидерот Тре Јанг (во Вашингтон).
Доаѓањето на Порзингис меѓу „воините“ значи и дека франшизата од Сан Франциско официјално се откажа од обидите да го ангажира Јанис Адетокумбо, кој беше првата „мета“.
Американските медиуми објавуваат дека Вориорс испратиле неколку понуди за Јанис во последните недели, но од друга страна, добиле јасни сигнали дека Адетокумбо не е опција за размена.
За Голден Стејт, најважното прашање сега е здравјето на Прзингис, кој во последно време се мачи со повредите. Тој одигра само 17 натпревари за Хокс оваа сезона, а 42 во целата сезона 2024/2025 што ја помина со Селтикс.
Од таборот на „Воините“ се надеваат дека искусниот кошаркар, кој го одигра својот последен натпревар на 7 јануари, ќе може да се врати во форма навреме.
Според последните информации, Порзингис треба да се појави на теренот во следните натпревари.
Голден Стејт моментално е осми во Западната конференција со скор од 27-24.

