Спорт
Стеф Кари ги поместува границите
Плејмејкеот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, стигна до третото место на вечната листа, на најдобрите шутери за три поени. Кари на натпреварот против Чикаго постигна пет тројки, односно 2.285 во кариерата.
Со оглед на бројот на тројки што ги постигну…

Плејмејкеот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, стигна до третото место на вечната листа, на најдобрите шутери за три поени. Кари на натпреварот против Чикаго постигна пет тројки, односно 2.285 во кариерата.
Со оглед на бројот на тројки што ги постигнува во текот на една сезона, прашање е кога Кари ќе ги мине на листата Реџи Милер (2.560) и Реј Ален (2.973).
„Ова е посебно достигнување. Фактот дека пред мене се тие двајца на ова му дава дополнителна тежина. Го почитувам она што е направено претходни, тие двајца ми беа идоли“, рекол Кари.
Од третото место Кари го потисна Џејсон Тери (2.282).
Голден стејт Вориорс славеа над Чикаго Булс 146:109, а Кари мечот го заврши со 28 поени, 85 скока и 8 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал го растури Бетис, Гарсија неочекуван херој
Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со потера по водечката Барселона. Тимот на Чаби Алонсо убедливо го победи Бетис во натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига со 5:1.
Во отсуство на Килијан Мбапе,неочекуван херој на „кралскиот клуб“ стана младиот Гонзало Гарсија.
Ги постигна првите голови во Ла Лига, натпреварот го заврши со хет-трик. Останатите два гола за Реал ги постигнаа играчите од одбраната, Раул Асенсио и Фран Гарсија.
Foto/ EPA/KIKO HUESCA
Спорт
(Видео) Голчиштето на Рид против Ливерпул
Харисон Рид, играчот на Фулам, во првите денови од новата година, го постигна голот на сезоната во Премиер лигата.
Во 20-то коло од Премиер лигата, Фулам го изненади Ливерпул и извлече бод на својот „Крејвен Котиџ“, натпреварот заврши 2:2.
Не изгледаше дека ќе биде така, бидејќи во 97-та минута беше 2:1 за „Црвените“, но потоа…
30-годишниот Рид, кој само пет минути претходно влезе на теренот наместо Саша Лукиќ, ја зеде топката, се намести и испрати проектил во голот на Ливерепул.
Погледнете:
Last minute of the game against Liverpool and Harrison Reed unleashed THIS ☄️
(via @NBCSportsSoccer)pic.twitter.com/1t2ahT8sKi
— B/R Football (@brfootball) January 4, 2026
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Аморим лут ја напушти прес конференцијата
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ексресно ја напушти прес-конференцијата по нерешениот резултат (1:1) против Лидс.
Манчестер Јунајтед повторно делува лошо на теренот. Без оглед на повредите и отсуствата, тимот успеа да освои само два бода против екипи како Вулверхемптон и Лидс, во последните две рунди.
Нервозата расте, се шпекулира дека исклучително е лош одосот меѓу менаџерот Аморим и директорот за фудбал на Јунајтед, Џејсон Вилкокс.
Вилкокс сака Португалецот да се прилагоди повеќе тактички на она што го има на располагање. Од друга страна, стратегот на Јунајтед наводно е разочаран што клубот нема да биде премногу активен за време на јануарскиот преоден рок.
По ремито против Лидс, Аморим се соочи со многу непријатни прашања. Тој нагласи дека
„Не се викам Томас Тухел, ниту Антонио Конте, ниту Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.
Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим и потоа демостративно ја напушти прес салата.
Foto/ depositphotos

