Спорт
Стоилов и Ристовски едногласни: Само што почнавме, одиме чекор по чекор
Стојанче Стоилов беше прогласен за играч на мечот во високата победа со која Македонија го стартуваше настапот на своето шесто Светско првенство, но тој предупреди дека не треба да се оди многу напред во плановите и дека треба да се остане смирен.
„Про…

Стојанче Стоилов беше прогласен за играч на мечот во високата победа со која Македонија го почна настапот на своето шесто Светско првенство, но тој предупреди дека не треба да се оди многу напред во плановите и дека треба да се остане смирен.
„Против Јапонија не се залетавме, така што одиме чекор по чекор, пред нас има многу натпревари со овој формат на првенството. Денеска беше важно да се победи и тоа го направивме, јас сум задоволен, иако има работи што мора да се поправат, посебно во одбраната. Во следниот меч против Бахреин сме фаворити, но потоа не сме фаворити до крајот. Треба да го минеме Бахреин со поддршка на дебитантите во тимот, за да бидеме свежи пред пресметката со Хрватска“, вели Стоилов.
И ветеранот на голот, Борко Ристовски, кој беше фантастичен со 20 одбрани против Јапонија, бара намалување на еуфоријата и претпазливост.
„Не беше лесно како што кажува резултатот. И претходно знаевме дека Јапонците се незгодни и брзи противници, што придонесе за проблеми во одбраната. До победата се дојде тешко, но ние сме задоволни. Имаме млад тим, ова е само прв натпревар на долгиот шампионат, така што ќе мораме да бидеме подготвени за Бахреин“, додава Ристовски.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

