Спорт
Стоилов: Треба да одиграме шампионски за да ја одбраниме титулата
Веднаш по извлекувањето на полу-финалните двојки во ракометната Лига на шампионите, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, за ЕХФ го коментираше противникот во полу-финалето.
Прв противник на Вардар ќе му биде лидерот во францускиот шампионат, тимот шт…


Веднаш по извлекувањето на полуфиналните двојки во ракометната Лига на шампионите, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, за ЕХФ го коментира противникот во полуфиналето.
Прв противник на Вардар ќе му биде лидерот во францускиот шампионат, тимот што во претходните две рунди ги елиминира Барселона и Фленсбург.
„Имав некакво чувство дека во полуфиналето за противник ќе добиеме француска екипа“, се пошегува на почетокот капитенот на Вардар.
„Лани реков дека сите тимови имаат по 25 отсто шанси за да го освојат трифејот. Тоа го мислам и сега. Ние во Келн ќе дојдеме како актуелни шампиони и ќе треба да одиграме шампионски за да го одбраниме трофејот“, рече Стоилов.
Завршниот турнир во Келн ќе се игра на 26 и 27 мај, а во второто полуфинале ќе се сретнат Нант со Кире Лазаров и ПСЖ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах: Луѓето ја претпочитаат мојата прва сезона, за мене оваа е подобра

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека му е драго што клубот од „Енфилд“ го совлада Манчестер сити во дерби натпреварот од 26. коло на англиската Премиер лига, пренесоа британските медиуми.
Ливерпул во неделата го совлада Манчестер Сити на гости со 2:0, а Салах во победата учествуваше со гол и асистенција.
„Манчестер сити е тежок противник, има неверојатен менаџер. Мило ми е што на карјот ние победивме. Тоа е посебно чувство, особено бидејќи сме во трка за титулата. Се надевам дека ќе можеме да ја задржиме присебноста, бидејќи притисокот е се посилен. Ќе се обидеме да победиме на секој натпревар. На нас постарите потребна ни е уште една титула”, изјави Салах.
Ливерпул е на првото место на табелата во Премиер лигата со 64 бодови, 11 повеќе од Арсенал, додека Манчестер сити е на четвртата позиција со 44.
„Можеби некои ја претпочитаат мојата прва сезона во Ливерпул, но за мене оваа е подобра бидејќи сум блиску до титулата во Премиер лигата. Им помагам и на младите играчи, што е посебна работа“, истакна Салах.
Ливерпул во среда ќе го пречека Њукасл во 27. коло од Премиер лигата.
Спорт
Фенер му нуди на Џеко нов договор и функција во клубот

Вечерва во Турција на програмата е големото градско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое може го реши шампионатот. Галатасарај има шест бода повеќе од големиот ривал и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон одбрана на шампионската титула.
Во пресрет на дербито, турските медиуми, пишуваат за судбината на Един Џеко (38) во Фенербахче.
Ветеранот, оваа сезона одигра 37 натпревари за Фенербахче, постигна 19 гола и имаше седум асистенции во сите натпреварувања. Капитенот на турскиот гигант има договор до крајот на оваа сезона, но Турците пишуваат дека претседателот Али Коч ќе му понуди договор 1+1. Понатаму се додава дека Коч е подготвен на Џеко да му понуди и функција во клубот кога тој ќеја заврши кариерата.
Во блескавата кариера како еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Џеко играше за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер сити, Рома и Интер. Во Турција е од 2023 година.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 2,2 милиони евра.
Спорт
Кошаркарите ги дознаа можните противници во претквалификациите за СП

Фото/ kfsm.mk
Исланд синоќа со победата над Турција ја комплетира листата учесници на Европското првенство во кошарка и воедно ја комплетира листата на национални тимови кои во август оваа година ќе играат претквалификации за пласман во квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2027 година.
Во претквалификациите за Мундијалот во 2027 година ќе играат 12 селекции, меѓу нив е и Македонија.
Можни противници на македонската репрезентација се : Хрватска, Украина, Бугарија, Холандија, Унгарија, Данска, Словачка, Австрија, Норвешка, Романија и Швајцарија.
Претквалификациите ќе се одржат од 2. до 20.август. Ќе бидат формирани четири групи со по три селекции, а првите две од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.