Спорт
Стосур и Жанг победија на Австралија опен
Саманта Стосур од Австралија и Шуај Жанг од Кина ја освоија титулата во двојки на Австралија опен.
Стосур и Жанг во финалето ја победија унгарско-француската комбинација Тимеа Бабош и Кристина Младановиќ со 6/3, 6/4 за еден час и 37 минути игра.
foto: …


Саманта Стосур од Австралија и Шуај Жанг од Кина ја освоија титулата во двојки на Австралија опен.
Стосур и Жанг во финалето ја победија унгарско-француската комбинација Тимеа Бабош и Кристина Младановиќ со 6/3, 6/4 за еден час и 37 минути игра.

Саманта Стосур ја освои својата трета гренд слем титула во игра на двојки. Таа има трофеи на Ју-Ес опен во 2005 и Ролан Гарос во 2006 година. Жанг прв пат во кариерата играше финале и веднаш освои трофеј.
Стосур е првата Австралијак која го подигнала трофејот во игра на двојки, на Австралија опен, по пауза од 14 години. Во 2005 година Алисија Молик заедно со Светлана Кузњецова ја освои титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба повторно се повреди

Давид Алаба (32), вториот најплатен играч на Реал Мадрид, повторно е надвор од терените. Клубот објави дека австрискиот репрезентативец претрпел повреда на мускулот на левата нога и ќе биде надвор од терените три недели, односно до крајот на Светското клупско првенство.
Алаба имаше операција на менискусот во април, а новата повреда доаѓа веднаш по неговото закрепнување од сериозната повреда на лигаментите на коленото минатата сезона.
Ова е неговиот 118-ми натпревар што ќе го пропушти за Реал Мадрид поради здравствени проблеми, што е блиску до бројот на пропуштени натпревари во текот на неговите 11 години во Баерн (122 натпревари).
Тој одигра само 14 натпревари (599 минути) оваа сезона, а пред неговата последна повреда веќе имаше проблеми со тетивата и го пропушти почетокот на сезоната во 2023 година.
Алаба заработува 22,5 милиони евра годишно, веднаш зад Мбапе (31,25 милиони). Долго време беше најплатен дефанзивец во Европа, неодмна неговиот рекорд го надмина Вирџил Ван Дајк, кога потпиша нов договор со Ливерпул.
Спорт
Лион ја потврди финансиската стабилност пред УЕФА, можно е да остане во Лига 1

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион објави дека успешно ја завршил постапката за финансиска ревизија со УЕФА, што му овозможува да учествува во Лига Европа следната сезона, под услов да остане во Лига 1.
Веста доаѓа само неколку дена откако Лион беше административно исфрлен во Лига 2 од страна на француското тело за финансиска контрола на клубовите (ДНЦГ) поради несогласувања во врска со буџетот. Клубот објави дека ќе се жали на одлуката.
Во соопштението, Лион изјави дека потпишал договор со ДНЦГ на УЕФА, но дека играњето во Лига Европа ќе зависи од „поволен исход од жалбената постапка“ против одлуката на ДНЦГ.
УЕФА отвори надзорна постапка против Лион во ноември откако ДНЦГ привремено одлучи да го деградира клубот, што сега е потврдено во исчекување на жалба.
Во мај, УЕФА го казни Лион со 200.000 евра за неплатени долгови кон други клубови, вработени и институции за даноци и социјално осигурување. Ова беше највисоката казна изречена на клуб во тој регулаторен циклус.
Лион, соопшти дека сè уште не добил официјална документација за одлуката на ДНЦГ, што е потребно за формално поднесување жалба. Клубот ќе има седум дена од датумот на приемот на документот да поднесе жалба.
Спорт
Алисон нема намера да го напушта „Енфилд“

Голманот Алисон Бекер нема намера да го напути „Енфилд“. Бразилецот повторно одбил профитабилен трансфер, тврди италијанскиот новинар и инсајдер Николас Шира.
Овој пат понудата дошла од клуб од Саудиска Арабија, но како и со претходниот интерес на Галатасарај, Бразилецот одлучил да остане во Ливерпул. Тој има намера да го одработи договорот што важи до летото 2027 година.
Во сезоната 2024/25, тој одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на 13 од нив не прими гол. Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата.