Контакт

Спорт

Судиите ќе ги бојкотираат мечевите на Серена Вилијамс?

Организацијата на тениските судии ја разгледува можноста да не делегираа судии за наредните мечеви на Серена Вилијамс. Причина за ова е скандалот што Американката го предизвика во финалето на Ју-Ес Опен, во кој беше поразена од Јапонката, Наоми Осака 2…

Објавено пред

Организацијата на тениските судии ја разгледува можноста да не делегираа судии за наредните мечеви на Серена Вилијамс. Причина за ова е скандалот што Американката го предизвика во финалето на САД опен, во кој беше поразена од Јапонката Наоми Осака 2:6, 4:6.

dobivaj vesti na viber

Однесувањето на Серена Вилијамс кон судијата на тој меч, Карлос Рамос, наиде на осуда од другите судии што ја делеле правдата во Њујорк. Повеќето од судиите истакнале дека организацијата на САД опен била под секое ниво.

foto: epa

Неименуван судија за „Тајмс“ рекол дека Американската тениска асоцијација не постапила правилно во последните неколку инциденти и дека Карлос Рамос е оставен да се брани сам по инцидентот што го предизвика Серена Вилијамс бидејќи добро си ја извршил својата работа и ги почитувал правилата.

Судиите ги разгледуваат опциите што треба да ги преземат за да се заштитат од ваквите ситуации, а еден од потенцијалните чекори е да бидат бојкотирани мечевите на американската тенисерка.

Од Серена Вилијамс тие в сабота ќе побараат јавно извинување и доколку го стори тоа, тогаш ќе ја делат правдата на нејзините мечеви.

„Серена е во право, имаше сексизам“

ИТФ го брани својот судија по скандалот со Серена: Нашиот судија беше професионален



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Обст ја торпедира Црвена звезда, Партизан се извлече против Милано, Реал во дербито го победи Олимпијакос

Објавено пред

Три натпревари го отворија второто коло во кошаркарската Евролига. Победи забележаа Реал Мадрид, Баерн Минхен и Партизан.

dobivaj vesti na viber

Реал Мадрид со голем пресврт, во последната четвртина го победи Олимпијакос со 89:77.

Најефикасни играчи во Реал Мадрид беа Марио Хезоња со 18, Габриел Дек со 13, Факундо Кампацо со девет поени и осум асистенции.

За Олимпијакос, Тајлер Дорси постигна 20, Еван Фурние 14, Саша Везенков 13, Никола Милутинов 10 поени со девет скока.

Во следното коло, Реал ќе игра против Асвел на домашен терен, а Олимпијакос ќе го пречека Дубаи.

Партизан во Белград за малку ќе направеше од готово вересија против Армани Милано. И покрај тоа што домаќинот имаше водство и од 20 поени, на крајот победи со 80:78.

Гостите стигнаа до минус два на помалку од една минута пред крајот, Партизан потоа не искористи напад и му дозволи на Армани дури и да има напад за победа. Марко Гудуриќ ја зеде топката, шутираше за три поени во последната секунда, но тоа беше лош и краток шут.

Стерлинг Браун беше најефикасен со 20 поени, Карлик Џонс имаше 15, Исак Бонга и Џабари Паркер постигнаа по 10 поени.

На спротивната страна Шилдс имаше 21, Брукс и Гудуриќ по 12 (8 асистенции), додека Нибо имаше 10 поени и 6 скока.

Баерн во Минхен ја победи Црвенз звезда со 97:88. Со подобра игра во второто полувреме, Баерн оствари победа над црвено-белите.Покрај тоа Баерн го имаше Абдреас Обст, кој постигна девет тројки од 16 обиди. Германскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 31 поен.

Кај Црвена звезда се исткна Џордан Нвора со 27 поени, пет скока и две асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Црвена звезда падна во 89-та минута на „Драгао“, Динамо го победи Макаби во Бачка Топола

Објавено пред

Црвена звезда загуби во Порто, а Динамо Загреб забележа победа над Макаби, во второто коло во Лига Европа.

dobivaj vesti na viber

На „Драгао“, Порто ја запиша деветтата победа од почетокот на сезоната. Порто ја победи Црвенз звезда со 2:1, со голот на Родриго Мора во 89-та минута.

Играчите на српскиот првак скапо ги платија грешките на „Драгао“. Учена со несмасна реакција направи пенал во шестата минута, а Гомез погоди за 1:0. Изедначи во 33-та минута најмладиот во тимот на Звезда, 17-годишниот Василије Костов.

Во вториот дел, равноправна борба на теренот, Арнаутовиќ за малку промаши во 56-та, а Бруно Дарте во 87-та минута. Две минути подоцна, голем пропуст во одбраната на црвено-белите, Пепе остана сам на десната страна, а откако влезе во шеснаесетникот го проигра Мора кој го постави конечниот резултат.

Динамо го доби и вториот натпревар од Лига Европа. Во Бачка Топола, тимот на Загреб го победи израелскиот Макаби Тел Авив со 1:3.

Дејан Љубичиќ постигна два гола за Динамо, а Матео Лисица еден гол. Саид Абу Фарчи беше стрелец за израелскиот тим. Со оваа победа, Динамо се искачи на врвот на табелата во Лигата на Европа.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Барселона му ја зеде светската круна на Веспрем

Објавено пред

Ракометарите на Барселона успеаја да го победат Веспрем со 31:30 (21:21, 13:12) по продолженија, ја освоија титулата клупски светски шампион, од тронот го симнаа токму тимот на Веспрем. Финалниот турнир беше организиран во Египет.

dobivaj vesti na viber

Во текот на првото полувреме се водеше сосема рамноправна борба, се играше по принципот гол за гол, а Барса отиде на полувреме со предност од еден гол – 13:12.

Иан Баруфет постигна пет гола, Блаж Јанц три, Дика Мем два гола. Кај Веспем, Уго Деска постигна четири гола, Недим Ремили и Иван Мартиновиќ постигнаа по три гола.

Во средината на второто полувреме, Барса стекна предност од три гола – 17:14. Веспрем не се предаде, па пет минути пред крајот, унгарскиот тим водеше со 20:19 по промашениот седмерец на Барса и загубената топка.

Следеше војна на нерви. Веспрем имаше напад за победа, но не успеа да го искористи, па финалето отиде во продолженија – 21:21.

По првото продолжение, на семафорот стоеше 26:26. Следеше војна на нерви, а прашањето за победникот го реши Гомез Абељо, кој постигна гол седум секунди пред крајот и го постави конечниот резултат 31:30.

Најефикасни во тимот на Барселона беа Гомез Абељо со шест, Јан Баруфет со пет, Тимоти Н’Гусен и Дика Мем со по четири, Блаж Јанц и Лудивик Фабрегас со по три гола. Кај Веспрем, Уго Деска постигна осум гола, Недим Ремили и Иван Мартиновиќ по шест, Гаспер Маргуч четири гола.

Третото место го освои актуелниот шампион на Европа, екипата на Магдебург, која го победи Ал Ахли со 32:23 (19:11).

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ3 часа

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија3 часа

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија3 часа

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа4 часа

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија7 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија12 часа

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија12 часа

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија13 часа

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија14 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија14 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија16 часа

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет18 часа

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет18 часа

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет18 часа

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет18 часа

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија18 часа

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...

Свет1 ден

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија1 ден

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет1 ден

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...