Спорт
Триатлон-натпревар на 14 мај во Скопје
Триатлон-клубот „Триоги рејсинг“ го најавува вториот триатлон-натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022, кој ќе се одржи на 14 мај 2022 година во Скопје.
Годинава се очекува да присуствуваат 200 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.
Пријавувањето е до 7 мај на следниот линк.
Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција, и тоа:
– деца 1, родени 2013 година и помали;
– деца 2, родени од 2012 до 2010 година;
– кадети, родени од 2009 до 2007 година;
– јуниори, родени од 2006 до 2003 година;
– елитна група, родени пред 2002 година (кои ќе се борат за титулата државен првак на
Македонија);
– мастерс-група или ентузијасти родени п 2002 година.
Триатлон-натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот по должината на булеварот Илинден, од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кристал Палс го згази Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Кристал Палас го декласираа Манчестер јунајтед со 4:0, во последниот натпревар од 36. коло на Премиер лигата. удбалерите на Кристал Палас ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари во Премиер лигата.
Од првата минута забележливо беше дека играчите на Манчестер јунајтед не се „во натпреварот“. Како изгледаа на теренот можат да бида задоволни со поразот од 4:0.
Дебаклот го најави Мајкл Олисе во 12.минута. .
Истиот играч десет минути подоцна имаше уште две убави шанси, а во 40. Жан Филип Матета ја удвои предноста на домашните.
На почетокот на вториот му беше поништен гол на Јунајтед, а потоа започнаа да се редат шансите пред голот на Андре Онана.
Еберечи Езе, Тајрик Мичел и Вил Хјуз, не успеаја да реализираат, но во 58. минута споменатиот Мичел зголеми на 3:0.
Точка поразот на Јунајтед стави играчот кој ја започна серијата, Мајкл Олисе во 66. минута. До крајот на мечот Одсон Едуард ја погоди стативата.
Палас е 14. на табелата со 43 бодови, додека Јунајтед е осми со 54 бодови, исто колку и седмопласираниот Челзи.
Јунајтед во следното коло ќе го пречека Арсенал, додека Палас ќе гостува кај Вулверхемптон.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.