Спорт
Трчаме заедно со новиот клуб Skopje City Running Club
Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор?
Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и идни љубители на трачањето со цел да им даде дополнителна инспирација и причина конечно да истраат во својата одлука.
„Skopje City Running Club“ е бесплатна програма за трчање која е наменета за почетници во трчање, кои се уште не ја пробале оваа рекреативно-атлетска дисциплина, но и за напредни трчачи кои практикуваат некои од рекреативните спортови или имаат трки со трчање од 5, 10 километри, дури и полумаратон, но со свое темпо. „Skopje City Running Club“ е тука да од нив направи активни трчачи!
Тренингот ќе се одржува секоја сабота во различно време, а собирот е на платото пред Скопје Сити Мол. Првиот тренинг е во сабота 01.04. со почеток во 10:00 часот.
Оваа уникатна програма за трчање „Skopje City Running Club“ ќе ја води нашиот славен спортист Кокан Ајановски, учесник на многу натпревари и маратони во Македонија и во странство кој е и креатор на оваа програма за трчање и кој директно ќе ги менторира и води сите учесници во нивниот развој. Во ова тој ќе има поддршка од професионални тренери со повеќе годишно искуство во работа со спортски клубови.
Но, тоа не е сè што ја прави оваа програма уникатна! Со вклучување во програмата за трчање „Skopje City Running Club“, учесниците автоматски стануваат членови на клубот за лојалност „Skopje City Mall Runners“, што ќе им овозможи да добијат дополнителни попусти при купување во трговскиот центар, на асортиман на спортска опрема и додатоци. Исто така, за првите 50 пријавени учесници Skopje City Mall подготви специјални спортски маици и шишиња со вода, со цел да им ги олесни подготовките за тренинзи на стартот.
ЗА ПРОГРАМАТА
Програмата за трчање „Skopje City Running Club“ е групна програма за вежбање на отворено, достапна за сите од 16 до 65 години. ( за малолетни потребно е согласност од родител ). Обуките се одржуваат во времетраење од 45 до 90 минути, во зависност од категоријата и по дефинирана рута од Skopje City Mall до одредена точка и назад до Skopje City Mall. Самиот тренинг започнува со загревање на платото пред Skopje City Mall, по што се започнува со трчање, а завршува со истегнување на почетната локација. На овој начин учесниците добиваат сеопфатна програма преку која ќе развијат здрави навики кои ќе им помогнат да ја зајакнат и подобрат својата физичка форма и здравје воопшто, а исто така одлично ќе се забавуваат во друштво на луѓе со слични интереси.
За учество во програмата „Skopje City Running Club“ може да се пријавите на инфо пулт и на лице место пред тренингот.
Кокан Ајановски (1982) е основач на клубот AKKA Run Club, инструктор маратонец, повеќе од 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини (полу маратон, 10 000 м, 5 000 м, планинско и крос-кантри трчање). Има повеке од 30 настапи за атлетската репрезентација на Македонија. Најзначајни интернационални успеси има остварено на балканските првенства (бронзен медал поединечно во маратон и бронзен медал екипно во крос-кантри натпреварување), а има учествувано и на многу меѓународни натпреварува (европски олимписки игри, светско првенство во полу маратон, европски првенства во крос-кантри, светски и европски првенства во планинско трчање).
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ
Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.
Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.
Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал кај Брентфорд остави два бода
Последниот натпревар од 26-то коло од Премиер лигата на стадионот „Брентфорд Комунити“, меѓу домашниот тим и лидерот Арсенал заврши со 1:1 (0:0).
Арсенал, во Брентфорд имаше расположен ривал, кој потврди дека е во врвна форма.
Првото полувреме помина во тактичко надмудрување од страна на двајца менаџери, Кит Ендрус (Брентфорд) и Микел Артета (Арсенал). Без многу возбудувања пред двата гола.
Брентфорд ја имаше единствената вистинска шанса. Матијас Јенсен центрираше, а, Игор Тиаго со глава упати удар со глава, но голманот на „Топџиите“, Давид Раја, реагираше брилијантно и спречи водство на „пчелите“.
Лидерот во Премиер лигата не упати ниту еден удар во голот на Брентфорд во првото полувреме, а успеа да ја материјализира првата вистинска шанса во 61-та минута:
Пјеро Инкапие совршено центрираше од левата страна, а Нони Мадуеке скокна уште подобро и го совлада Ирецот Келехер.
Тој гол не ги обесхрабри домашните фудбалери. Напротив, тие тргнаа уште порешително кон голот на Арсенал и создадоа неколку опасни ситуации преку Кин Луис Потер и Игор Тијаго. Изедначија десет минути подцна.
По еден удар од далечина, Ван ден Берг ја упати топката со глава, а Луис Потер на ист начин го доби дуелот со Мартин Едегор и ја смести топката зад грбот на Раја.
Домашните фудбалери имаа одлична можност за целосен пресврт во 87-та минута. Игор Тијаго првично го надигра Москера, но кога требаше да шутира, младиот Шпанец се искупи со фантастична интервенција и ја елиминираше опасноста.
Бразилецот имаше уште една шанса во 90+2 минута, а потоа неговиот сонародник Габриел Мартинели на спротивната страна од теренот не успеа да му донесе победа на Арсенал.
Беше сам пред Келехер, но не постигна гол.
„Топџиите“, се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.
Спорт
(Видео) Атлетико за полувреме ја прегази Барселона
Со историско прво полувреме, Атлетико Мадрид ја декласира Барселона со 4:0, во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот.
Сè започна со „мртвата шанса“ на Симеоне во третата минута, кога Џоан Гарсија излезе како победник. Три минути подцна Ерик Гарсија со автогол го најави потопот на Барселона. Антоан Гризман, по една течна акција го зголеми резултатот во 14-тата минута.
Хулијан Алварез, потоа ја презеде палката од Гризман, му асистираше на новодојдениот Адемола Лукман во 33-та минута.
Аргентинецот стави крај на совршениот период на Атлетико Мадрид во втората минута од судиското продолжение. Нигериецот овој пат му возврати со аситенција.
Алварез го прекина постот, ова беше негов прв гол од 9 декември минатата година.
Во првиот дел Атлетико имаше уште три големи шанси, но не успеаја да реализираат Гризман, Алварез и Лукман.
Единствените две шанси за Барселона ги промаши Фермин Лопез, во првото полувреме. Погоди пречка на 3:0, а имаше и „еден на еден“ ситуација со Мусо при истиот резултат.
В вториот дел, Атлетико трпеливо ги чекаше шансите, а Барселона залудно се обидуваше да создаде шанса за гол. Каталонците постигнаа гол во 53-та минута, кој по седум минути ВАР го поништи.
Барселона мечот го заврши со играч помалку, во 84-та минута Ерик Гарсија доби црвен карто. Дефанзивецот како последен човек во одбраната го фаулираше Баена.
Foto/ EPA

