Спорт
УЕФА ќе издвои повеќе пари за женскиот фудбал
Европската фудбалска унија (УЕФА), соопшти дека почнувајќи од 2020 година ќе ги зголеми средствата наменети за развој на женскиот фудбал.
УЕФА објави дека фондот на пари, наменет за женскиот фудбал, ќе биде зголемен за 50 отсто, односно дека национални…


Европската фудбалска унија (УЕФА), соопшти дека почнувајќи од 2020 година ќе ги зголеми средствата наменети за развој на женскиот фудбал.
УЕФА објави дека фондот на пари, наменет за женскиот фудбал, ќе биде зголемен за 50 отсто, односно дека националните федерации од Програмата за развој на женскиот фудбал, од 2020 година, ќе добиваат по 150.000 евра годишно.
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, кој ја соопшти одлуката на оваа организација, рекол дека „потенцијалот на женскиот фудбал нема граници“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шест натпревари суспензија за Ридигер

Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона.
Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него.
Ридигер веќе беше заменет, но сепак доби црвен картон.
Со оглед на тоа што останаа уште пет кола пред крајот на сезоната, а Ридигер го оперираше коленото, тој ќе го отслужи преостанатиот натпревар од суспензијата на почетокот на следната сезона.
Џуд Белингам исто така доби црвен картон на крајот од натпреварот, но не беше казнет. Беше оценето дека судијата направил грешка во својата проценка.
Лукас Васкез доби казна за црвениот картон, тој е суспендиран на два натпревари бидејќи беше меѓу оние кои протестираа на крајот од второто продолжение. Тој го предводеше тој протест фрлајќи мраз кон судијата, додека Винисиус мина без казна.
Спорт
Ѓоковиќ го откажа настапот во Рим

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ 18 пати учествувал на овој Мастерс, 12 пати играл во финалето, освоил шест титули.
„Новак Ѓоковиќ објави дека нема да учествува на турнирот во Рим. Се гледаме следната година, Ноле“, пишува на социјалните мрежи на Мастерсот во Рима.
Во Монте Карло и Мадрид, Ѓоковиќ беше елиминиран во првите натпревари, од Алехандро Табило и Матео Арналди, и се очекуваше дека ќе се обиде да ја врати формата пред Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај, на неговиот најуспешен Мастерс на земјена подлога.
Се уште не е познато зошто Ѓоковиќ го откажа од настапот во Рима. Ќе видиме дали е повреда во прашање и какви се идните планови на Новак, но од 2007 година, Ѓоковиќ никогаш не го пропуштил Мастерсот во Рим.
Оваа сезона, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на Австралија Опен, но на четири од последните пет турнири беше елиминиран во своите први натпревари, иако играше и во финалето на Мајами.
Спорт
Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со челниците на Милан, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Како што тврди „Газета“, 26-годишниот капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја прифатил понудата да потпише нов договор до јуни 2029 година со зголемување на годишната плата од четири на пет милиони евра.
Пулишиќ е најдобар стрелец на Милан оваа сезона со 16 постигнати голови на 45 натпревари во сите натпреварувања.
Пред Милан, американскиот играч од средниот ред играше за Челзи и Борусија Дортмунд.
Во дресот на САД, тој постигна 32 гола на 78 натпревари.