Спорт
Унгарките им ги расипаа сметките на Романките, Хагман им даде 17 гола на Русинките! (видео)
Унгарија ѝ ги расипа сметките на фаворизираната Романија, победувајќи ја со 31:29 во последното коло по групи на Европското првенство, со што тие сега ќе мораат со нетрпеливост да го чекаат последниот меч од 21 часот меѓу Холандија и Германија за да до…

Унгарија ѝ ги расипа сметките на фаворизираната Романија, победувајќи ја со 31:29 во последното коло по групи на Европското првенство, со што тие сега ќе мораат со нетрпеливост да го чекаат последниот меч од 21 часот меѓу Холандија и Германија за да дознаат дали се во полуфиналето.
Победа на Холандија ги носи „лалињата“ во полуфинале, додека и Германија има шанси да биде пред Романија, но мора да триумфира во соседската пресметка со минимум 7 голови разлика.
Русија пак, откако не беше поразена досега на турнирот, дозволи Шведска да ја победи со 39:30, во меч во кој неверојатната Натали Хагман постигна 17 гола, израмнувајќи го претходниот рекорд на едно првенство поставен од Полјачката Каролина Кудлач-Глоц во 2006 година.
Шведска сега ќе се надева на изненадувачка победа на Србија над домаќините Франција за да се „протне“ во полуфиналето.
ГРУПА 1
Шведска – Русија 39:30 (18:17)
Франција – Србија 21.00 ч.
Табела: 1.Русија 8, 2.Франција 5 (+8), 3.Шведска 5 (+7), 4.Црна Гора 4, 5.Данска 4, 6.Србија 2
ГРУПА 2
Унгарија – Романија 31:29 (17:17)
Холандија – Германија 21.00 ч.
Табела: 1.Норвешка 6, 2.Романија 6, 3.Холандија 6, 4.Германија 4, 5.Унгарија 4, Шпанија 0
What did Hagman eat for breakfast?! She is on absolute fire ? Look at this assist for Blohm #SWERUS #ehfeuro2018 #handballissime @hlandslaget pic.twitter.com/GRU0UDcnT9
— EHF EURO (@EHFEURO) December 12, 2018
Nathalie Hagman leads @hlandslaget with a huge eight goals in the first half ? Sweden take an 18:17 advantage over @rushandball into the break #SWERUS #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/TTuT70dP8Y
— EHF EURO (@EHFEURO) December 12, 2018
?? 31:29 ?? @MKSZhandball claim a two-goal win over Romania after a thrilling battle right to the end #HUNROU #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/czz5XYnVMY
— EHF EURO (@EHFEURO) December 12, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наполи добива големо засилување пред Суперкупот во Ријад
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.
Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.
Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок го доведе данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Со 89 гола, Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација. Тој е член на Наполи од летото минатата година, а на 38 натпревари забележа 14 гола и 11 асистенции.
Во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, Наполи игра против Милан (18 декември), а во второто полуфинале се среќаваат Болоња и Интер (19 декември). Финалето е закажано за 22 декември.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бразилецот Да Силва ќе го засили РК Вардар
Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните две ипол сезони.
„Да Силва (1994) е препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот.
Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок“, објави клуб от на социјалните мрежи.
Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари.
Вардар во февруари и март ќе игра мечеви од главната фаза на Лига Европа, а исто такa пролетва ќе бидат и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство.
Izvor/ facebook.com/rkvardar
Спорт
Бруно го најави своето заминување од „Олд Трафорд“
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по спектакуларниот натпревар со Борнмут (4:4), реши да ја „отвори душата“, пред новинарите и да го навести заминувањето од клубот. .
Португалецот беше играч на натпреварот по којзнае кој пат, но тоа не беше доволно за Јунајтед да победи.
„Клубот сакаше да си заминам ова лето и така се чувствував. И им го кажав тоа на директорите, но не мислам дека имаа храброст да ја донесат таа одлука. Решив да останам од семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот ме убедија дека треба да останам. Но, од страна на клубот, чувствував дека тие мислат „ако си замине, тоа нема да биде толку лошо за нас“. И тоа многу ме повреди, но и ме растажи, бидејќи сум играч кој не заслужува критики. Секогаш сум достапен, играм добро или лошо, но секогаш давам се од себе на теренот. А ја гледате целата ситуација, играчи кои не ја ценат доволно големината на клубот и не ги бранат неговите бои колку што треба“, рече Бруно Фернандес.
Не заврши тука, бидејќи тој одговори и шпекулациите за трансфер во Ал Хилал, кој понуди огромни пари за неговиот потпис.
„Претседателот на Ал Хилал ми се јави лично. Рубен Невеш ми испрати пораки дека сака директно да разговара со мене. Тие сакаа да играм на Светското првенство за клубови за Ал Хилал. Тоа беше „љубов“ што започна од периодот кога Жорж Жезус беше на клупата, во 2023 година. Тоа беше првиот пат кога ме повика“, откри Бруно и продолжи:
„Не можам да се жалам, платен сум многу добро, но разликата е очигледно огромна. Сепак, тоа никогаш не ми било важно. Ако еден ден морам да играм во Саудиска Арабија, тогаш ќе играм таму. Мојот начин на живот ќе се промени, моите деца ќе имаат сончеви денови, по шест години во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига која расте со познати играчи. Можев веќе да заминам, како многу играчи и да кажам „Сакам да заминам, не сакам да тренирам, сакам да имам 20 или 30 милиони евра“, за да добијам уште повеќе пари. Но, никогаш не го направив тоа. Не чувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш чувствував емпатија и наклонетост кон клуб“, рече Бруно.
Капитенот на Јунајтед сигурно ќе биде главна тема на медиумите по неговото признание и очигледнаото навестување за напуштање на клубот следното лето.
Foto/ depositphotos

