Спорт
Уште не почната заврши сезоната за Окслејд-Чембрлен
Крилниот фудбалер на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлен, би можел да ја пропушти целата сезона, поради повредата на коленото.
Англискиот репрезентативец ги скина лигаментите во коленото, за време на првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите п…


Крилниот фудбалер на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлен, би можел да ја пропушти целата сезона поради повредата на коленото.
Англискиот репрезентативец ги скина лигаментите на коленото за време на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите против Рома и поради тоа го пропушти Светското првенство во Русија.
„Време е да ве информирам дека Окслејд-Чембрлен можеби нема да може да ни помогне наредната сезона. Ние тоа го знаевме веднаш по повредата, односно веднаш по операцијата“, рекол менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Не се случи ништо што не беше планирано. Рехабилитацијата оди според планот, разликата е во тоа што сега откриваме некои детали. Алекс не сакаше порано да ја соопштиме оваа информација за да не го расипеме финишот на сезоната“, дополнил Клоп.
BREAKING: @Alex_OxChambo to miss majority of 2018-19 season with multiple ligament damage. #SSN pic.twitter.com/kC1hqEgHEy
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 18, 2018
Ливерпул веќе потпиша договори со Фабињо и Џердан Шакири, а во средата за рекордна сума го договори и трансферот на голманот Алисон Бекер од Рома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Модриќ во август доаѓа во Милан

Масимилијано Алегри, кој се врати на позицијата тренер на Милан, го потврди доаѓањето на Лука Модриќ во клубот. На својата прва прес-конференција како тренер на „Росонерите“, Италијанецот не остави простор за сомнеж:
„Го чекаме Лука Модриќ. Доаѓа во август. Станува збор за важен, извонреден играч.“
Лука Модриќ така би станал второто засилување на Милан во летниот трансфер период. Прво беше доведен и офанзивниот играч Самуеле Ричи, кој пристигна од Торино за 23 милиони евра. Со доаѓањето на Модриќ, Милан има намера дополнително да го зајакне средниот ред на тимот:
Спорт
(Видео) Ракитиќ потврди дека ја завршува кариерата, објави емотивно видео

Триесет и седум годишниот Иван Ракитиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во последните две децении, преку видеопорака објавена денес на социјалните мрежи потврди дека ја завршува фудбалската кариера.
View this post on Instagram
Со објавата тој ги потврди шпекулациите од пред десетина дена кога не беше на почетокот на подготовките на сплитски Хајдук.
Ракитиќ ја завршува кариерата со 106 настапи и 15 погодоци во дресот на Хрватска, 323 натпревари за Севиља, 310 за Барселона и повеќе од 100 за Шалке .
Роден е во Швајцарија, а кариерата ја започнал во Базел. Патот потоа го одвел во Шалке, Севиља, Барселона, повторно Севиља, Ал Шабаб и на крај Пољуда.
Хрватските медиуми објавуваат дека Ракитиќ, кој освоил 17 клупски трофеи, ќе остане во фудбалот бидејќи ќе биде дел од стручниот штаб на Горан Вучевиќ, спортскиот директор на Хајдук.
Со “коцкастите” во 2018. година стигна до сребрниот медал на Светското првенство во Русија, а од националниот тим се повлече во 2019. година.
Фото: ЕПА
Спорт
Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Давиде Анчелоти ја доби својата прва самостојна работа во својата тренерска кариера три недели пред неговиот 36-ти роденден.
Тој го презеде Ботафого, актуелниот шампион на Бразил и Јужна Америка. Анчелоти помладиот, познат по тоа што беше асистент на својот познат татко Карло во последните девет години, беше близок до Глазгов Ренџерс, но на крајот го презеде бразилскиот гигант наместо шкотскиот.
Давиде Анчелоти му помагаше на својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, а продолжи со истата работа откако Анчелоти постариот стана селектор на бразилската репрезентација. Сега тој ќе ја комбинира работата како помошник тренер во националниот тим со работата во Ботафого.
На почетокот на својата самостојна кариера, Давиде Анчелоти го презеде тимот што ја освои бразилската Серија А и Копа Либертадорес, јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите, минатата сезона. Артур Хорхе, тренерот кој го водеше тимот до голем успех, потоа замина за Катар.
Во февруари, Ренато Паива стана нов тренер, но беше отпуштен пред една недела. Под негово водство, Ботафого направи изненадување на тековното клупско првенство со победата над ПСЖ во групата, по што беа елиминирани од Палмеирас во првата нокаут рунда. Сопственик на Ботафого е американскиот бизнисмен Џон Текстор, чие портфолио ги вклучува и Лион и Кристал Палас.
Фото/EPA-EFE/ISABEL INFANTES