Спорт
Федерер-експрес кај мажите, првите осум носителки во аут кај жените!
Роџер Федерер е на добар пат да срушни еден од неговите рекорди, откако се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон без да загуби сет по 6:0/7:5/6:4 победата над Французинот Адријан Манарино на „Централниот терен“.
Федерер има 32 освоени сетови во низа…

Роџер Федерер е на добар пат да срушни еден од своите рекорди откако се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон без да загуби сет по 6:0/7:5/6:4 победата над Французинот Адријан Манарино на „Централниот терен“.
Федерер има 32 освоени сетови во низа во Лондон и со уште едена победа без загубен сет против Гаел Монфис или Кевин Андерсон во следното коло, тој ќе го сруши сопствениот рекорд од 34 сета поставен од третото коло во 2005 и финалето во 2006. И тоа од човек кој е блиску до својот 37. роденден.
Швајцарецот го освои првиот сет за само 16 минути, во еден момент освојувајќи 13 поени во низа, а неговиот сервис изгледаше речиси непобедливо. Но, Манарино направи нешто што на другите три противници досега не им успеа – заработи брејк-поен на сервис на Федерер, но не го освои брејкот. Апсолутно неверојатно!

Од друга страна, кај дамите, Кики Бертенс ја комплетираше елиминацијата на првите осум носителки, откако со 6:3/7:6(1) ја совлада Чехинката Каролина Плишкова за пласман во четврт-финалето.
Бертенс, која е првата Холанѓанка со пласман меѓу најдобрите 16 по Михаела Крајичек во 2007 година, претходно ја елиминираше и Венус Вилијамс, а против Плишкова, седма носителка на турнирот, беше упорна и импресивна. Следна за Бертенс е Германката Јулија Гергес, која со 6:3/6:2 ја совлада Хрватката Дона Векиќ.
Поранешната финалистка, Германката Анџелике Кербер, пак, по четврти пат е во четврт-финалето откако со 6:3/7:5 ја совлада Швајцарката Белинда Бенчич, од која пред овој меч имаше 3 порази без освоен сет. Кербер, која како 10. на ВТА листата е највисокорангираната тенисерка во ждрепката ќе игра или со Русинката Дарја Касаткина или со Белгијката Алисон ван Ујтванк.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

