Спорт
Федерер и Ѓоковиќ во истиот дел од ждрепката за Њујорк
Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ се најдоа во истата четвртина од ждрепката на САД опен оваа година, најавувајќи ран дуел за титулата.
Шампионот од Австралија опен, Федерер почнува против Јапонецот Јошихито Нишиока во првото коло, а може да „налета“ на Ни…


Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ се најдоа во истата четвртина од ждрепката на САД опен оваа година најавувајќи ран дуел за титулата.
Шампионот од Австралија опен, Федерер, почнува против Јапонецот Јошихито Нишиока во првото коло, а може да налета на Ник Кирјос веќе во третото коло, додека Ѓоковиќ, шампионот од Вимблдон, почнува со Мартон Фучович, а Федерер би го чекал во четврт-финалето.
Во третата четвртина од ждрепката, третиот носител, Хуан Мартин дел Потро, почнува со квалификант, но може да игра со Енди Мареј веќе во третото коло. Мареј својот прв гренд слем турнир по повеќе од една година ќе го почне со Австралиецот Џејмс Дакворт.
Сепак, најинтересниот дуел од првото коло е оној меѓу осмиот носител, Бугаринот Григор Димитров, и трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка, кој ќе настапи со вајлд-карта.
Во горниот дел од ждрепката Рафаел Надал почнува со својот сонародник, ветеранот Давид Ферер, а Кевин Андерсон, финалистот од Вимблдон, се наоѓа во неговата четвртина од ждрепката.
US Open men’s singles draw pic.twitter.com/kUtoEmeVwE
— The Grandstand (@TennGrand) August 23, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.