Спорт
Федерер контра Серена: Судијата Рамос беше во право
Роџер Федерер не се согласува со Серена Вилијамс, застанувајќи во одбрана на судијата Карлос Рамос за скандалозното финале од САД опен во кое Американката се расправаше со судијата и го загуби мечот од Наоми Осака.
Американката доби прва казна откако н…
Роџер Федерер не се согласува со Серена Вилијамс застанувајќи во одбрана на судијата Карлос Рамос за скандалозното финале од САД опен, во кое Американката се расправаше со судијата и го загуби мечот од Наоми Осака.
Американката доби прва казна кога нејзиниот тренер Патрик Муратоглу ѝ даваше совети од трибините, а доби уште една казна за кршење на рекетот. 23-кратната гренд слем шампионка потоа влезе во неочекувана расправија со Рамос нарекувајќи го крадец пред тој да ѝ даде трето предупредување и да ја казни со гем.
Рамос беше обвинет дека е сексист и дека не би казнил тенисер доколку го направи истото, но Федерер не се согласува со тоа.
„Тоа беше интересна ситуација и важно е да се гледа на рамноправноста во спортот. Секој судија има свој стил, како и во секој спорт. Може некој сака повеќе да внимава да нема совети од тренерите, некој сака да внимава на времето што се троши. Не верувам дека постои разлика само бидејќи некој е машко, но грешки се случуваат и тие треба да имаат свое право да го прават тоа“, вели Федерер.
Тој зборуваше на настан за фондацијата на поранешниот американски тенисер, Енди Родик, кој исто така се согласува дека сексизмот не е присутен во тенисот.
„Не треба да се заборави дека тенисот е предводник – постои еднаква распределба на наградниот фонд на речиси сите турнири. Ако сакаме да покажуваме со прст, тенисот е последен на кој треба да се покаже. Да, секогаш може да биде подобро, но во тенисот има поголема родова рамноправност од кој било друг спорт“, вели Родик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.