Спорт
Фенер го доби дербито со ЦСКА, Олимпијакос со победа од Каталонија (видео)
Фенербахче се врати по лошото прво полувреме, за во дербито на 13. коло на Евролигата со 79:75 да ја добие ЦСКА Москва и да ја продолжи блескавата низа оваа сезона.
Рускиот тим ја доби првата четвртина со 18:26, а на полувремето имаше дури 12 поени пре…


Фенербахче се врати по лошото прво полувреме, за во дербито на 13. коло на Евролигата со 79:75 да ја добие ЦСКА Москва и да ја продолжи блескавата низа оваа сезона.
Рускиот тим ја доби првата четвртина со 18:26, а на полувремето имаше дури 12 поени предност (48:36), пред Фенербахче да се врати со одлично второ полувреме. Јан Весели го предводеше турскиот клуб со 19 поени, Марко Гудуриќ додаде 15, додека за ЦСКА најефикасен беше Вил Клајбурн со 17 поени.
И Олимпијакос најавува борба за фајнал фор турнирот, откако ја победи Барселона со 69:60 на гости за да се доближи на една победа до Анадолу Ефес, кои го „демонтираа“ тимот на Будуќност со 106:68.
Фото: ЕПА
ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО
Анадолу Ефес – Будуќност 106:68 (29:20, 20:21, 32:12, 25:15)
Фенербахче – ЦСКА Москва 79:75 (18:26, 18:22, 24:14, 19:13)
Барселона – Олимпијакос 60:69 (14:17, 16:15, 18:23, 12:14)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Данев: После Ерменија, да jа победиме и Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните порази од Полска и Италија, Македонија во Битола ја победи Ерменија со 2-1 и ги освои првите бодови во овој квалификациски циклус.
Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, но ништо не е загубено има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат.
„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Нема потреба од еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел и да освоиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивни но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“, изјави Димитар Данев за сајтот на ФФМ.
Спорт
Левандовски заминува од Барселона по завршувањето на сезоната

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.
Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.
Спорт
Селекторот на Казахстан: Македонија е силна селекција

Македонија утревечер игра важен квалификациски натпревар против Казахстан, на кој цели кон нов триумф и продолжување на позитивната серија во овој циклус. Селекторот на гостите, Талгат Бајсуфинов, сепак, потенцираше дека неговиот тим ќе даде сè од себе за добар резултат во Скопје, но призна дека Македонија е фаворит.
„Македонија е силна селекција и знаеме колку ѝ значи овој меч, но ние ќе се бориме за позитивен исход. Против Лихтенштајн имавме среќа и се надевам дека ќе имаме слична ситуација и утре. Првиот меч со Македонија покажа дека можеме да пропуштиме многу шанси, но сега реализацијата ни е подобрена. Ќе се обидеме да освоиме колку што можеме повеќе бодови до крајот на квалификациите, и тоа важи и за утрешниот натпревар“, изјави Бајсуфинов.
Во првиот меѓусебен дуел, Казахстан го предводеше Али Алиев, кој по поразот од Белгија со 6-0 си поднесе оставка.