Спорт
Ферари ќе му даде само уште една шанса на Фетел?
Себастијан Фетел може и официјално да ја загуби борбата за титулата во Ф1 од Луис Хамилтон веќе овој викенд во САД, но може да го загуби и престижното место во Ферари ако следната година не ја донесе толку посакуваната титула, тврди „Газета дело спорт“…

Себастијан Фетел може и официјално да ја загуби борбата за титулата во Ф1 од Луис Хамилтон веќе овој викенд во САД, но може да го загуби и престижното место во Ферари ако в година не ја донесе толку посакуваната титула, тврди „Газета дело спорт“.
Според почитуваниот соработник на „Газета“, Луиџи Перна, во Ферари се разочарани што и оваа година титулата им избега и покрај тоа што Скудерија имаше подобар болид од Мерцедес во првиот дел од сезоната и тие полека ја губат довербата во Германецот, кој останува изолиран во Маранело.
Според Перна, во самиот договор на Фетел со Скудерија има клаузула за прекин на договорот доколку не се освои титула до 2019 година. Официјално, од Ферари не ја коментираа веста, но минатата недела шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, му даде целосна поддршка на Фетел.
„Сигурен сум дека порано или подоцна титулата ќе дојде во Маранело во рацете на Фетел“, изјави Аривабене.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Стерлинг (конечно) ќе си замине од Челзи
Рахим Стерлинг и фудбалскиот клуб Челзи конечно најдоа решение, според кое фдбалерот ќе замине од „Стенфорд Бриџ“.
Добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо објавува дека Стерлинг одлучил да го напушти клубот до крајот на оваа недела во договор со својот менаџер и раководството Челзи.
Напаѓачот има неколку понуди, но сè уште не одлучил каде сака да ја продолжи кариерата.
Познато е дека одбил понуда од Саудиска Арабија, но покрај тоа имал и неколку други понуди.
Негов приоритет е да остане во Премиер лигата, претходно како заинтересирани се споменуваа Фулам, Вест Хем, Кристал Палас и Лидс, но не е познато до каде напредувале овие преговори.
Стерлинг пристигна во Челзи во летото 2022 година од Манчестер Сити за 56.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ: Бев на пат кон дома, Мусети заслужи да победи
Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен по непредвидлив тек на настаните и несреќни околности за неговиот противник.
Лоренцо Мусети, кој водеше со 2-0 во сетови, беше принуден да го предаде мечот, што му овозможи на Ѓоковиќ да ја продолжи борбата за титулата.
„Многу ми е жал, денес беше подобар, со мислите веќе бев на пат кон дома. Ми се случило ова неколку пати во кариерата, но сега беше екстремно.“ рече Ѓоковиќ.
Српскиот ас отворено зборуваше за сопствените грешки и неуспешната тактика.
„Стратегијата функционираше во првите неколку гемови, а потоа сè се распадна. Имав околу 40 грешки покрај неколкуте винери. Мусети е таков што никогаш не знаеш што ќе одигра, дали „пасинг“ или кратка топка. Требаше да победи, мислам дека ќе победеше ако беше здрав. Што да кажам? Имав среќа и се надевам дека ќе можам да играм подобро“
Тој го истакна и фактот дека имал среќа:
„Гледам на тоа од позитивна страна, едноставно, понекогаш го губите ритамот на теренот кога играте помалку и треба да тренирате и да бидете на теренот што е можно подолго“.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против бранителот на трофејот, Јаник Синер или Бен Шелтон.
Спорт
Рибакина и Пегула се пласираа во полуфиналето на АО
Казахстанката Елена Рибакина и Американката Џесика Пегула ја формираа втората полуфинална двојка, на Отвореното првенство на Австралија. Рибакина втор пат во кариерата ќе ира полуфинале во Мелбурн (во 2023 година играше и во финалето), додека Пегула прв пат во кариерата дојде до оваа фаза на Австралија Опен.
Елена Рибакина, во полуфиналето ја победи втората тенисерка во светот, Ига Швјонтек од Полска со 7:5, 6:1. Првиот сет го реши брејкот на Рибакина во 12-от гем. Потоа во вторито ссет Казахстанката ја декласира својата противничка.
Рибакина, во полуфиналето ќе се сретне со Џесика Пегула (шеста на ВТА листата), која беше подобра од својата сонародничка и четврта тенисерка во светот Аманада Анисимова со 6:2, 7:6 (1).
Пегула ја забележа и осмата последователна победа над своите сонароднички на Гренд слем турнирите.
Вчера првата полуфинална двоја ја формираа бранителката на титулата, Арина Сабаленка, и Украинката Елина Свитолина.

