Спорт
Фетел го победи Хамилтон во Мелбурн
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи на трката за Големата награда на Австралија, со која започна новата сезона во шампионатот на Формула 1. Ова е втора победа во низа, а вкупно трета за Германецот на патеката Алберт парк во Мелбурн.
Германецот…


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи на трката за Големата награда на Австралија, со која започна новата сезона во шампионатот на Формула 1. Ова е втора победа во низа, а вкупно трета за Германецот на патеката Алберт парк во Мелбурн.
Германецот во Австралија победи благодарение на стратегијата со која го надмудри актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој трката ја започна од пол-позицијата. Фетел ги посети своите механичари во моментот кога виртуелното безбедносно возило беше на патеката.
Потоа, тој од боксот излезе пред Хамилтон, ја задржа предноста и ја оставри 48.победа во кариерата.
Третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Раиконен. Зад Финецот трката ја завршија Даниел Рикардо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Мекларен.
Бодови во Австралија освоија и Макс Ферстапен (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Рено), Валтери Ботас (Мерцедес), Стофел Вандорн (Мекларен) и Карлос Саинц (рено).
Наредната трка на програмата е на 8.април во Бахреин.
фото: EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона им забрани пристап на навивачи на осум клуба

Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека навивачите на осум клуба повеќе нема да можат да купуваат билети за натпреварите од Евролигата со Каталонците.
Барселона, вчера, започна со продажба на индивидуални билети за натпреварите од Евролигата. Јасно е дека гостински навивачи во „Блауграна“ нема да има на осум од 19 натпревари во претстојната сезона.
Управниот одбор на Барселона одлучи дека само членовите на клубот ќе можат да купуваат билети за натпреварите, сето тоа со цел „да се намалат непријатностите за домашните навивачи кога се домаќини на клубови кои имаат голем број навивачи кои патуваат“.
Партизан и Црвена Звезда се на самиот врв на листата на клубови на чии навивачи им е забранет пристап во „Блауграна“, по што следат Хапоел Тел Авив, Панатинаикос, Олимпијакос, Ефес, Фенербахче и Жалгирис.
Интересно е што Хапоел е на листата, а не Макаби, кој исто така има голем број навивачи кои одат на гостувања, и покрај војната во Израел.
Секој навивач што ќе сака да биде во салата за некој од овие натпревари, или пак на сите, треба да се најави како член на веб-страницата на Барселона. Секој член може да купи колку што сака билети, дури и ако луѓето со кои присуствува на натпреварот не се членови, но при купувањето мора да се согласи да не ги злоупотребува правилата.
Одлуката на администрацијата на Барселона исто така значи дека доколку навивачите на споменатите осум клуба се појават во салата, тие можат да бидат упатени кон излезот во секој момент.
Новата сезона во Евролигата започнува на 30 септември, кога Барселона е домаќин на Хапоел. Каталонскиот клуб ќе го игра својот прв домашен натпревар на 10 октомври, кога ја пречекува Валенсија.
Спорт
Експресен демант од Нови Пазар: Не преговараме со Перишиќ

Како гром од ведро небо, доцна синоќа одекна веста на српски „Телеграф“ дека Иван Перишиќ е во преговори со фудбалскиот клуб Нови Пазар.
„Менаџерот на фудбалерот е во напредна фаза од преговорите со Нови Пазар, каде што треба да го замени Адем Љајиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во Сараево. Перишиќ веќе бил во Србија, станува збор за бизнис што вклучува повеќемилионски суми. Трансферот би можел да биде завршена во наредните денови“, овајави „Телеграф“.
На оваа информација експресно реагираа челниците на фудбалскиот клуб Нови Пазар. Демантираа дека клубот не преговара со прославениот хрбатски фудбалер.
„ „Нема ни В од вистината“, кратко искоментираа од клубот.
Во својата кариера, Перишиќ играл за Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн, Тотенхем, Хајдук и ПСВ.
Момчето од Сплит одигра 144 натпревари за Хрватска и постигна 36 гола.
Спорт
Брајтон го одби Јунајтед, Балеба не е на продажба

Фудбалскиот клуб Брајтон јасно им порача на Манчестер јунајтед дека играчот од редот за врска, Карлос Балеба не е на продажба.
Балеба игра на позицијата заден играч од средниот ред и има 21 година. Брајтон се за неговите услуги на Лил, во летото 2022 година, им плати 27 милиони евра.
Тој е еден од најважните играчи во тимот и има уште четири години од договорот, вклучувајќи опција за продолжување.
Балеба одигра 40 натпревари во сите натпреварувања за Брајтон минатата сезона, постигнува три гола.
Брајтон ги има и Џејмс Милнер, Мет О’Рајли, Матс Вифер, Јасин Ајари и Џек Хиншелвуд на позицијата на која игра Балеба.
Јунајтед сакаше да го доведе и да ја засили конкуренцијата за Касемиро, Мануел Угарте, Коби Маину, младиот Тоби Колиер, па дури и капитенот Бруно Фернандес, кој може да биде поофанзивен во формацијата 3-4-2-1 што ја форсира тренерот Рубен Аморим.
Фото/ Принтскрин