Спорт
ФК „Работнички“ доби силен поддржувач – „Сеавус“ е новиот генерален спонзор
Македонскиот фудбалскиот клуб Работнички, стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига го одбележува со значајна најава, најголемата софтверска компанија во Македонија, Сеавус, е новиот спонзор на Работнички.
Со Сеавус како партнер, ед…

Македонскиот фудбалскиот клуб „Работнички“ стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига го одбележува со значајна најава, најголемата софтверска компанија во Македонија, „Сеавус“, е новиот спонзор на „Работнички“.
Со „Сеавус“ како партнер, еден од најстарите клубови во државата добива сериозна можност да се издигне на повиско ниво, да ја добие посакуваната стабилност и посигурно да започне со остварување добри резултати.
Клубот низ историјата четирипати бил шампион и освојувач на Купот на Македонија. Работнички е редовен учесник и во натпреварувањата што ги организира Европската фудбалска унија (УЕФА).
Две години по ред „романтичарите“ стигнуваа и до плејофот за пласман во главата фаза во Лига Европа. Најуспешната сезона во клупската историја е 2013/2014 кога „романтичарите“ ги освоија двете домашни титули.

„Дебармаалци“ големо внимание во своето работење посветуваат и на младинската школа, која е една од најдобрите во Македонија.
Токму тука лежи инспирацијата и на компанијата „Сеавус“ да се даде поддршка на една од најдобрите фудбалски академии во државата, откаде се продуцираат играчи за првиот тим на Работнички.
Со официјализирањето на спонзорството, клубот ќе ги најави и своите планови за работа.
Наскоро, дресот на Работнички на себе ќе го има логото на компанијата „Сеавус“.
Фото: Топспорт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

