Спорт
ФК Работнички се засили сo четворица фудбалери
Пред стартот на зимските подготовки на денешниот прв собир во Градски парк, ФК Работнички и официјално ги промовираше четирите најнови засилувања на тимот за пролетниот дел од сезоната.
Нови имиња, покрај Баже Илијоски кој повторно се враќа во својот д…
Пред стартот на зимските подготовки на денешниот прв собир во Градски парк, ФК Работнички и официјално ги промовираше четирите најнови засилувања на тимот за пролетниот дел од сезоната.
Нови имиња, покрај Баже Илијоски кој повторно се враќа во својот дом, се и бугарските интернационалци Николај Дилгеров и Емил Вијачки, бразилскиот офанзивец Жунињо Кабрал и крилниот офанзивец Дејан Блажевски.
30-годишниот Николај Дилгеров кој доаѓа од редовите на Царско село е поранешен младински репрезентативец на Бугарија. Фудбалерот од средниот ред потпиша шестмесечен договор со Работнички со можност истиот потоа да биде продолжен на уште една година. Во својата кариера има настапи и за ЦСКА Софија, Славија, Лудогорец, Локомотив Пловдив и израелскиот Хапоел Ирони.
28-годишниот Емил Вијачки ќе ја засили дефанзивната линија потпишувајќи договор до јуни 2020 година. Доаѓа од бугарскиот прволигаш Локомотив Софија.
Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Блажевски е едно од најголемите засилувања за тимот за продолжението од сезоната. Блажевски доаѓа во Работнички по една полусезона мината во албанскиот прволигаш Тирана. Со „романтичарите“ потпиша договор од една година.
Едногодишен договор потпиша и Бразилецот Жунињо Кабрал. 26-годишниот Кабрал изминатава година настапуваше за Флоријана во шампионатот на Малта. Претходно, во својата кариера, има настапи и за Ботофаго и Аракса во Бразил како и за норвешкиот прволигаш Бран.
фото:fkrabotnicki.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна јубилејниот 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.
Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Брест, беше досуден пенал, а Левандовски постигна гол за 1:0.
Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски го постигна 100-от гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн. За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона 14 гола.
Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, а Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола. Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.
Ова беше негов шести гол во тековната кампања во Лигата на шампионите, гол помалку постигнаа неговиот соиграч Рафиња, играчот на Спортинг, Ѓекерес и напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.
Спорт
(Видео) Манчестер сити водеше со 3:0, на крајот освои само еден бод
Алармот е вклучен на „Етихад“, Манчестер сити не успеа да го победи Феенорд во Лигата на шампионите и покрај тоа што имаше предност од три гола до 75.минута. На крајот грешките на Јошко Гвардиол му овозможија на Феенорд да избори реми 3:3.
Манчестер сити не успеа да ја прекине лошата низа, по петте порази во сите натпреварувања, одигра нерешено против Феенорд во петтото коло во Лигата на шампионите.
Ако Гвардиола до овој натпревар изјавуваше дека не е загрижен, по дуелот со холандскиот тим ќе мора да го вклучи алармот. Очигледно е дека многу работи не функционираат во играта на неговиот тим.
„Граѓаните“ го отворија резултатот во 44.минута кога Халанд погоди од пенал. Норвежанецот во 50. минута зголеми на 2:0, а три минути подоцна Гундоган го постигна третиот гол.
Потопот на Сити започна во 75.минута кога Хаџи-Муса го намали резултатот, во 82. Сантијаго Хименез го врати Феенорд во игра, а Словакот Ханцко во 89.минута ги шокираше и навивачите и играчите на Сити.
По пет руни Сити има осум, а Феенорд седум бода.
Спорт
Вардар со победа се збогуваше со Лига Европа
Фото/ facebook.com/rkvardar
Ракометарите на Вардар со победа се простија од Лига Европа. Вечерва во „Јане Сандански“, Вардар го победи Мелсунген со 32:30 (17:17).
Првиот дел беше израмнет, Мелсунген подобро влезе во мечот, стекна предност од два гола, Вардар направи серија од 3:0. Црвено-црните потоа водеа со два гола, на крајот првиот дел заврши 17:17.
Во слично темпо продолжи и првата половина од второто полувреме. Во тие моменти Вардар стекна предност од два гола (25:23), која не ја испушти до крајот.
Најефикасен кај Вардар беше Ларс Коиј со осум голови, додека Младен Крсманчиќ постигна шест. Голема заслуга за победата има и голманот Мигел Еспиња кој запиша 15 одбрани.
Во Групата Ф Вардар го освои третото место со пет бода. Групата ја поминаа Мелсунген со 10 и Порто со седум бода.