Спорт
(Фото) Општина Кисела Вода: Кошаркарскиот клуб „Ангели“ повторно на врвот

Кошаркарскиот клуб „Ангели“ е повторно на врвот. Екипата на Ангели од општина Кисела Вода, во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување победи против екипата на Соколи 1933 од Штип со 82-70, извести Општината.
– Горди сме вечерва. Најгорди! Кошаркарскиот клуб „Ангели“ од Кисела Вода влезе во првата лига! Со својата фантастична игра и срце на терен ја порази екипата на „Соколи“ од Штип. Шампионите ги води огромната волја, не ги запира стравот, а среќата која ја даваат на своите фанови е појадокот од кој се хранат! Така, беше и вечерва. Ви честитам момци! Вие сте доказ дека упорноста и желбата секогаш го даваат најдоброто.
Честитки до целиот тим! Честитам на Вашиот тренер, претседателот на клубот и посакувам да нижите само успеси. А ние како локална самоуправа и јас лично како човек – ќе продолжиме со поддршка на спортот и спортитстите, посебно младите, бидејќи тоа е наша обврска. Само напред, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.