Спорт
Французите до сабајле славеле во претседателската палата (Фото+Видео)
Француските фудбалери до раните утрински часови, во претседателската палата ја славеле светската титула, освоена во неделното финале во Москва.
Претходно, светските шампиони, од аеродромот „Шарл Де Гол“, со панорамски автобус поминаа по авенијата Шанзе…

Француските фудбалери до раните утрински часови, во претседателската палата ја славеле светската титула, освоена во неделното финале во Москва.
Претходно, светските шампиони, од аеродромот „Шарл Де Гол“, со панорамски автобус поминаа по авенијата Шанзелизе, а на Елизејските полиња биле пречекани од еден милион фанови.


Влегувајќи со златниот пехар, во претседателската палата, капитенот Иго Љорис и селекторот Дидие Дешам го поздравиле претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.

„Благодарм што го донесовте овој пехар. Ви благодарам што сите нас не направивте да бидеме толку горди, што вложивте толку труд. Бевте единствени. Благодарност до вашите семејства кои се тука, благодарност до тренерите“, рекол во своето обраќање францускиот претседател, испраќајки им порака на фудбалерите „да никогаш да не заборават од каде доаѓаат“.

Пред палатата свое обраќање имал и Пол Погба, кој дури и отпеал и неколку песни. Потоа микрофонот го зел Бенжаман Менди. Играчите меѓу другите ја испеале и песната на Глорија Гејнор „I will survive“.


Со звуците на Марсељезата, играчите на Франција, облечени во сини костуми и бели кошули, им потпишувале автограми на децата од фудбалските школи кои создаваат светски шампиони, каков што е клубот „Бонди“, каде започнал да тренира Килијан Мбапе.
Инаку, на свечениот прием биле поканети околу 3.000 гости, а Фудбалската федерација на Франција, на својот профил на „Твитер“ објави дека фудбалерите ноќта ќе ја минат во претседателската палата.
Франција титулата ја освои со победата над Хрватска во големото финале 4:2 (2:1).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Салах асистент во триумфот над Брајтон, Челзи славеше против Евертон
Ливерпул и Челзи забележаа идентични победи, 2:0, во дуелите со Брајтон и Евертон, во 16-ѕо коло во Премиер литага.
Екипата на Арне Слот ја забележа втората победа по ред во сите натпреварувања, откако го победи Итнер во Лигата на шампионите, по серијтаа лоши резултати.
Мохамед Салах играше на овој натпревар и запиша една асистенција, а влезе во игра од клупата во 26-та минута кога мораше да го замени повредениот Џо Гомез. Напаѓачот беше пречекан со силен аплауз од трибините на „Енфилд“.
Ливерпул поведе во првата минута, кога Уго Екитике постигна гол за 1:0. Тоа беше резултатот на првото полувреме.
Истиот играч во 60-та минута беше стрелец за 2:0, а асистент беше Салах.
За споредба, Салах неодамна не играше во Лидс, како и на претходниот натпревар против Вест Хем, додека на натпреварот против Сандерленд одигра само 45 минути.
Сето ова доведе до отворено незадоволство и најава за можно заминување од „Енфилд“, што следеше веднаш по судирот на „Еланд Роуд“. Во својата изјава по тој натпревар, Салах отворено го критикуваше клубот и тренерот, на што тие не молчеа.
Клубот застана на страната на Арне Слот, а Салах беше отстранет од тимот што отпатува во Милано за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во кој славеа без крилен играч.
Во истиот термин, Челзи го победи Евертон со 2:0, со головите на Кол Палмер во 21-та минута и Мало Густ во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Foto/ depositphotos
Спорт
Аморим има сериозни кадровски проблеми пред мечот со Борнмут
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се соочува со сериозни кадровски проблеми пред дуелот со Борнмут, кој ќе се игра во понеделник навечер на „Олд Трафорд“, во рамките на 16-то коло од Премиер лигата.
Португалецот потврди дека Хари Магваер и Матијс де Лихт дефинитивно се надвор од тимот поради повреди, додека настапот на Брајан Мбеумо е под знак прашалник поради здравствени проблеми.
„Магваер е надвор од тимот. Де Лихт е надвор од тимот. Мбеумо имаше труење, ако можам така да кажам. Ќе имаме уште два тренинзи и ќе ја процениме ситуацијата“, рече Аморим.
Африканскиот куп на нации носи и дополнителна неизвесност, поради што Јунајтед се обидува да добие одобрение за да можат Мбеумо, Амад Дијало и Нусаир Мазрауи да играат против Борнмут пред да им се приклучат на своите репрезентации.
„Сè уште сме во разговори со националните асоцијации. Натпреварот е во понеделник, тие се тука, тренираат и ги подготвуваме сите можни сценарија“, објасни Аморим.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Гризман не дозволи изненадување на „Метрополитано“
Фудбалерите на Атлетико, во Мадрид ја победија Валенсија со 2:1 во натпреварот од 16-тото коло на Ла Лига.
По два порази по ред во шпанското првенство, „Јорганџије“ ги пречекаа „Лилјаците“, кои никогаш не загубиле четири натпревари во низа пред овој дуел.
Атлетико, влезе како фаворит, но добр се намачи за да ги освои бодовите.
Капетанот Коке ги доведе домаќините на „Метрополитано“ во водство во 17-та минута од натпреварот и тоа беше сè од екипата на Диего Симеоне во првото полувреме.
По половина час игра, Валенсија израмни, но голот на Пепелу беше поништен поради офсајд, а Атлетико отиде на полувреме со минимална предност.
Во продолжението, Белтран, по добра акција, постигна убав гол од работа на шестаесетникот во 63-та минута.
Валенсија имаше реми само 10 минути. Гризман му ја врати предноста на Атлеитико. Негов 14-ти гол во кариерата против овој противник.
Целата акција беше брилијантна, од додавањето на Марк Пубил, топката леташе 40-тина метри, до приемот и ударот на Гризман, по кој втор пат се тресеше мрежата на Агирезабала.
До крајот на натпреварот, три минути по голот на Гризман, Александе Серлот, постигна гол, кој беше поништен порад фсајд по интервенција од ВАР собата.
Атлетико моментално е четврти со 34 бода, седум повеќе од петтопласираниот Еспањол со два натпревари помалку. Валенсија има само 15 пони и се наоѓа на 16-то место.
Foto/ depositphotos

