Спорт
Французите не се плашат од „ѓаволи“ – ќе го бркаат мундијалскиот трофеј (видео)
Франција е првиот финалист на Светското првенство во фудбал, и во недела ќе го брка вториот мундијалски трофеј, откако во натпревар со високо темпо со минимални 1:0 ги совлада инспирираните Белгијци.
Франција ќе го чека подобриот од утрешниот дуел меѓу…

Франција е првиот финалист на Светското првенство во фудбал, и в недела ќе го брка вториот мундијалски трофеј, откако во натпревар со високо темпо со минимални 1:0 ги совлада инспирираните Белгијци.
Франција ќе го чека подобриот од утрешниот дуел меѓу Англија и Хрватска (20:00 часот) во големото финале в недела на „Лужники“.
Талентот на младиот француски тим беше несомнен и во надигрувањето со својот сосед на моменти не беа подобри, но на крајот „четата“ на Дидие Дешам ќе оди на втора светска слава по 1998 кога Дешам како капитен на домашен терен го донесе трофејот.
За „златната генерација“ на белгискиот фудбал, ова е неуспех, посебно откако претходно успеаја да ги елиминираат првите фаворити Бразилците.
Натпреварот почна интензивно на двете половини од теренот, со повеќе шанси, но без реализација.
Азар во 6. минута влегува од левата страна и уфрла топка во петерецот, но Умтити е побрз од Лукаку. Белгија го има поседот, а Французите го дозволуваат тоа. Во 10. минута, Де Бројне го наоѓа Азар на левото крило, но Варан е побрз од ривалот.
Французите враќаат во 11. минута, кога Дембеле го наоѓа Мбапе во шестнаесетникот, но Белгијците се сигурни во одбраната. Франција и во 13. минута имаше добра шанса преку Погба, кој упатува пребрза топка за Мбапе.
Потоа следуваат две одлични шанси а Белгија. Де Бројне го наоѓа Азар во 16. минута, кој удира од 15 метри покрај голот. Во 19. минута, Азар повторно шутира, но Варан блокира на време.
Тоби Алдервирелд упатува вистинска „бомба“ во 22. минута, но Љорис има фантастична одбрана. Во 31. минута, Гризман од слободен удар го наоѓа Жиру, кој со глава погодува блиску до голот. Гризман повторно е во шанса две минути подоцна.
Најдобрата шанса во првото полувреме, Франција ја има преку Павар во 40. минута, кога Куртоа со одлична реакција спасува гол.

Французите дојдоа во водство во 51. минута, кога по корнер, Умтити е повисок од Фелаини и го совладува Куртоа.
Само шест минути подоцна, можеби најубавиот потег на натпреварот – со брзи додавања, вклучувајќи ја и петата на Мбапе, топката доаѓа до Жиру, но неговиот обид е блокиран.
Белгија фрла сѐ за нападот – Мертенс го менува Дембеле. Во 65. минута, Мертенс уфрла одличен центаршут, но Фелаини со глава удира блиску до голот. Во 81. минута, Витсел со фантастичен удар од 25 метри го тестира Љорис. Во 88. минута, по нафрлањето на Де Бројне, голема мешаница во шестнаестникот, но без резултат.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

