Спорт
Фудбалскиот свет гледа кон Русија, почнува 21. мундијал
Со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес почнува 21.Светско првенство во фудбал. Дуелот на стадионот „Лужники“ во Москва е закажан за 17 часот. Половина час порано ќе започне церемонијата на свеченото отворање, на која главна ѕве…

Со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес почнува 21. Светско првенство во фудбал. Дуелот на стадионот „Лужники“ во Москва е закажан за 17 часот. Половина час порано ќе започне церемонијата на свеченото отворање, на која главна ѕвезда ќе биде поп-пејачот Роби Вилијамс.
Мундијалот ќе се игра на 12 стадиони во 11 града, на него ќе настапат 32 репрезентации, а ќе трае до 15 јули. Националните тимови се поделени во осум групи, а во нокаут-фазата ќе се пласираат по две најдобри селекции од секоја група.
Група А: Русија, Саудиска Арабија, Египет, Уругвај
Група Б: Португалија, Шпанија, Мароко, Иран
Група Ц: Франција, Австралија, Перу Данска
Група Д: Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија
Група Е: Бразил, Швајцарска, Костарика, Србија
Група Ф: Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја
Група Г: Белгиј, Тунис, Англија, Панама
Група Х: Полска, Сенегал, Колумбија, Јапонија
Фазата по грипи ќе заврши на 28 јуни, а нокаут-рундата ќе започне на 30 јуни. Големото финале ќе се одигра во Москва на 15 јули.
Титулата светски првак ќе ја брани Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рома загуби од Милан и остана без Дибала
Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди.
„Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа е најголемата загуба за нас вечерва, откри тренерот на Рома, Џанпјер Гасперини.
Пауло Дибала, прв пат промаши пенал како играч на Рома, со што заврши неговата успешна серија од 18 успешно изведени пенали.
Ла Хоја не реализира пенал од 30 ноември 2021 година, кога беше непрецизен за Јувентус во дуелот со Салернитана.
По дербито на „Сан Сиро“ и победата на Милан, на врвот во Серија А е вистински метеж. Лидер е Наполи со 22 бода, а зад него се три екипи со бод помалку: Интер, Милан и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
Само Оклахома нема пораз од почетокот на сезоната во НБА-лигата
Шампионот на НБА, Оклахома Тандер, остана единствениот непоразен тим во новата сезона.
Тандер до седмата победа во исто толку натпревари дојдоа против слабиот Њу Орлеанс со 137:106. Њу Орлеанс заедно со Бруклин Нетс, останаа единствената франшиза без триумф во сезоната досега.
МВП-то од минатата сезона, Шеј Гилџис Александар, постигна 30 поени, со совршени 13/13 од линијата за слободни фрлања. Шеј влезе во аналите како трет кошаркар со најдолга серија од „20+“ поени. Тој го стигна Оскар Робертсон со 79 врзани натпревари, со споменатиот број поени, додека само Вилт Чемберлен (92 и 126) има подолга серија од Канаѓанецот.
Во триумфот, помош доби од Вигинс (15), Хартенштајн (14), Џо (14) и Волас 13 поени. Зајон Вилијамсон постигна 20 поени како најефикасен играч во тимот што загуби, но промаши половина од своите 12 слободни фрлања.
Сан Антонио и Чикаго ги претрпеа своите први порази во сезоната.
Феникс Санс ги декласираа Спарс во Аризона со 130:118, а Виктор Вембањама постигна само 9 поени (4/14 шут, 1/5 за три), заедно со девет скока и четири блокади, но и шест загубени топки.
Само Стефон Касл со 26 поени беше на исто ниво во Сан Антонио. Девон Букер го предводеше Феникс со 28 поени и 13 асистенции. Санс постигнаа 19 тројки од 33 обиди.
По пет последователни победи, Чикаго Булс го положија оружјето во Њујорк. Никс славеа со 128:116.
Шестмина кај Њујорк имаа двоцифрен број на постигнати поени. Ги предводеше најефикасниот Џејлен Бренсон со 32 поени, Ануноби додаде 21, Таунс 20. Џош Гиди беше најефикасен кај Булс со 23 поени, Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл од 17 поени и 14 скока (3/4 за три). Никсите постигнаа 20 тројки од 42 обиди, а Булс 17 од 40.
Спорт
Мбапе израмни рекорд на Кристијано Роналдо
Килијан Мбапе го израмни рекордот поставен од Кристијано Роналдо додека играше за Реал Мадрид.
Францускиот фудбалер беше двоен стрелец на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол.
Го израмни рекордот на Португалецот, разликата е само што Роналдо постигна 19 гола во осум последователни натпревари, додека Мбапе стигна до бројката од десет гола.
Следниот рекорд би можел да биде ако Мбапе постигне гол против Елче и Џирона.
Откако пристигна во шпанската престолнина, светскиот шампион од 2018 година одигра 73 натпревари, со учинок од 62 гола и седум асистенции.

