Спорт
Хабиб се закани дека ќе се откаже од УФЦ!
Хабиб Нурмагомедов се закани дека ќе се откаже од УФЦ шампионатот доколку неговиот колега Зубаира Тухугов добие казна за удирањето на Конор Мекгрегор во хаосот по мечот во лесна категорија во Лас Вегас во саботата навечер.
Нурмагомедов го победи Мекгре…

Хабиб Нурмагомедов се закани дека ќе се откаже од УФЦ шампионатот доколку неговиот колега Зубаира Тухугов добие казна за удирањето на Конор Мекгрегор во хаосот по мечот во лесна категорија во Лас Вегас во саботата навечер.
Нурмагомедов го победи Мекгрегор во четвртата рунда на УФЦ 229 во Лас Вегас, но пото следуваа грди сцени – Хабиб се прекачи преку оградата да се тепа со Дилон Данис, Мекгрегор беше нападнат од два члена на рускиот тим, а шефот на УФЦ, Дејна Вајт се закани дека Тухугов и Ислам Махачев никогаш веќе нема да се борат во УФЦ октагон.
Сега, во долга објава на Инстаграм, Хабиб го нападна Вајт и вети дека нема да се врати во спортот ако неговите „браќа“ бидат казнети.
„Зошто не отпушти некој кога неговиот тим го нападна нашиот автобус и повреди луѓе? Тие можеа да убијат некого. Зошто никој не зборува за навредата за мојата земја, религија, нација, семејство? Зошто мораш да го казниш мојот тим, кога и неговиот се тепаше? Ако кажеш дека јас го почнав ова, тогаш не се согласувам – јас го завршив тоа што тој го почна. Ако мислиш дека ќе бидам тивок, си згрешил. Го откажа мечот на Зубаира и сакаш да го отпуштиш бидејќи го удри Конор. Но, да не заборавиме дека Конор го удри другиот мој брат ПРВ, види го видеото. Ако го отпуштиш, ќе ме загубиш и мене. Ние во Русија никогаш не ги напуштаме нашите браќа. Ако го отпуштиш, прати ми договор за раскинување, бидејќи јас ќе си заминам. И уште нешто. Задржи ги моите пари. Зафатен си со тоа, се надевам дека нема да ги се заглават во грлото. Ние ја браневме нашата чест и тоа најважно. Одиме до крај“, напиша Хабиб.
Снимките од инцидентот покажуваат дека Ирецот прв упати удар кога Махачев е пред него во октагонот. Махачев потоа го удира Мекгрегор и покрај тоа што локалниот шериф се обидува да ги раздвои. Откако Мекгрегор го избегнува ударот, тој е нападнат одзади од Тухугов, кој има поголем успех и неколку пати го удира Мекгрегор пред да бидат разделени.
Тухогов, кој има четири меча во УФЦ, требаше да се бори со колегата на Мекгрегор, Артем Лобов овој месец, но мечот е неизвесен. Махачев пак, има пет победи во шест меча во УФЦ, но и неговата кариера е неизвесна.
Хабиб не го доби појасот по мечот, но потоа се фотографираше со појасот и му се закани на Вајт дека знае каде ја паркира колата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал остави два бода кај последно пласираниот Вулверхемптон
Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, вечерва, остави два бода кај поседно пласираниот Вулверхемптон. „Топџиите“ водеа 2:0, на крајот „Волците“ дојдоа до 2:2.
Бидејќи Арсенал обезбеди директен пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите, решија порано да го одиграат натпреварот од 27-то коло во Премиер лигата.
Она што за лидерот требаше да биде рутина, на крајот се претвори во кошмар, кога Калафјори во 94-та минута си постигна авто-гол и ги постави конечните 2:2.
Се до 56-та минута се одеше според планот на Милел Артета. Букајо Сака го отвори резултаот во петтата минута. Откако во првиот дел Арсенал не искористи уште неколку добри шанси, предноста ја дуплираше во 56-та минута, преку Инкапије.
„Волците“ се вратија во натпреварот со прекрасниот гол на Уго Буено, во 61-та минута.
Артета се обиде да го затвори натпреварот и погреши. Казната дојде за неговиот тим во судиското продолжение, кога „Волците“ израмнија со многу среќа, по големо недоразбирање во одбраната на гостите, топката се одби од стативата и заврши во ногата на Калафиори, а пото а во мрежата.
Арсенал ега има пет бодови предност пред Манчестер Сити, но доколку „граѓаните“ го добијарт својот дуел од 27-то коло ќе му се доблиѓат на лидерот на само два бода. Вулвс се последни со само 10 поени и тие сигурно наредната сезона ќе играат во Чемпионшип.
Спорт
(Видео) Без победник во дуелот Милан-Комо
Фудбалерите на Милан и Комо одиграа нерешено 1:1 во возбудлив натпревар од 24-то коло од Серија А. Натпреврот беше полн со пресврти, тензии и драма, а го обележа црвениот картон што го доби тренерот на Милан Масимилијано Алегри.
Гостите од Комо го отворија натпреварот подобро и ги искористија грешките на своите ривали. По поништениот гол во 26-та минута поради прекршок, Комо поведе шест минути подоцна. Нико Паз казни една лоша реакција во одбраната на Милан.
Милан имаше неколку шанси за израмнување во првото полувреме. Во 30-та минута, Рафаел Леао се обиде, но голманот Жан Бутез одбрани, четири минути подцна тој се истакна и по обидот на Фикајо Томори.
Серхи Роберто (Комо) потоа имаше можност во 39-та минута, но Мењан не дозволи уште еднаш да биде совлада.
Второто полувреме донесе израмнување. Во 64-та минута, Рафаел Леао ја прими топката на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада голманот Комо.
Како што натпреварот продолжуваше, растеше тензијата на теренот, а судијата Маријани делеше жолти картон, за Нико Паз, Жан Бутез, Јакоб Рамон и Рафаел Леао. Кулминацијата се случи во 81-та минута кога тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, беше исклучен поради протест.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Интер замрзна во Норвешка, Атлетико испушти 0:2 во Бриж, Баер победи кај Олимпијакос
Фудбалерите на Интер доживеаја пораз во Норвешка од Боде/Глимт, Атлетико на „мускули“ извлече реми (3:3) во Бриж, иако водеше со 2:0 и 3:2, а Баер Леверкузен победи во Пиреја кај Олимпијакос (2:0), во трите последни бража натпревари од првиот круг, за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Боде/Глимт не се шегува, откако во последното коло во првата фаза го победи Атлетио во Мадрид и се пласира во баражот, вечерва славеше во дуелот со Интер.
Играчите на Интер не се снајдоа во норвежките услови и на вештачката трева. Изненадувањето го најави Фет во 20-та минута. Интер во мечот го врати Пио Еспозито 10 минути подцна.
Во вториот дел блиц-криг на Норвежаните, два гола за три минути, во периодот од 61-та до 64-та минута. Стрелци беа Хег и Хауге.
Во Бриж, Атлетико делуваше неубедливо, но и покрај тоа имаше два гола предност на полувремето. Алварез погоди од пенал во осмата минута, а Лукман во четвртата минута од судиското надополнување на времето.
Бриж во мечот се врати експресно, преку Оњедика во 52-та и Тресолди во 60-та минута. Атлетико предноста ја врати со авѕо-голот на Ордонез во 79-та минута. Сепак пораз на Бриж спречи Цолис во 90-та минута.
Во Пиреја, Баер Леверкузен го направи клучниот чекор кон осминафиналето. На Олимпијакос му пресуди Чехот, Патрик Шик со головите во 60-та и 63-та минута.
Реванш натпреварите ќе се одиграат наредниот вторник.
Foto/ EPA

