Спорт
Хамилтон најбрз на слободните тренинзи
Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, доминираше на слободните тренинзи, во пресрет на првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија. Зад Британецот беа Макес Ферстапен од Ред Бул и вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас.
На првиот т…


Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, доминираше на слободните тренинзи, во пресрет на првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија. Зад Британецот беа Макес Ферстапен од Ред Бул и вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас.
На првиот тренинг Хамилтон забележа време 1:24.026 минути, резултат кој за околу поповина секунда беше подбар од оној што го постигна Ботас. Во однос на Ферстапен, Хамилтон, имаше подобро време за 750 илјадити делови од секундата.
Британецот на вториот тренинг возеше 1:23.931 минути, време кое за 127 илјадити делови од секундата беше побрзо од резултатот на Ферстапен, трет заврши Ботас, а зад него беа возачите на Ферари Кими Раиконе и Себастијан Фетел.
Квалификациите за првата трка во сезоната ќе се возат в сабота од 7 часот по средно-европско време, а в недела во истиот термин ќе стартува трката за Големата награда на Австралија.
фото: EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Консеисао го напушта Милан на крајот од сезоната

Поразот од Болоња во финалето на Купот на Италија стави печат на лошата сезона на фудбалскиот клуб Милан. По овој неуспех, јасно е дека Серж Консеисао може да почне да си ги пакува куферите.
Консеисао, поранешниот тренер на Порто, гигантот од Милано го презеде пред шест месеци од сонародникот Паоло Фонсека.
На „Сан Сиро“ беа свесни дека Купот може да ја спаси сезоната, но сега е јасно дека клубот ќе остане без место во Европскиот куп следната сезона.
Со Милан, Консеисао успеа да го освои Суперкупот на Италија.
Заедно со Консеисао, клубот ќе го напушти и неговиот сонародник Жоао Феликс. Тој ќе се врати во Челзи бидејќи не ги оправда своите очекувања.
Третиот Португалец, Рафаел Леао, исто така би можел да го напушти клубот. И покрај фактот дека игра во променлива форма во текот на целата сезона, Леао е највредниот играч на Милан и неговата евентуална продажба ќе покрие одредени финансиски дупки.
🔴⚫️❌ Sérgio Conceição’s chapter at AC Milan will be over at the end of the season, as always planned.
João Félix will leave Milan and return to Chelsea, also. ⤵️🇵🇹 https://t.co/CE37iwSicC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 14, 2025
Спорт
Заврши сезоната за Феран Торес

Барселона ќе биде без Феран Торес до крајот на сезоната. 25-годишениот напаѓач, стрелец на 19 гола и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари оваа сезона, го пропушта крајот на сезоната поради операција на слепо црево.
Клубот соопшти дека тој ќе биде опериран во текот на денот и нема да игра вечерва против Еспањол.
Исто така, Торес, ќе ги пропушти и натпреварите против Виљареал и Атлетик Билбао.
Феран Торес учествуваше со три асистенции во победата против Реал Мадрид (4:3), што ја донесе Барса на чекор до титулата.
Тој игра во добра форма во последно време, па од средината на февруари до средината на мај додаде шест гола и четири асистенции во првенството.
Спорт
На суспензии и казни „фрли“ 4,2 милиони долари

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, е казнет со 50.000 долари за она што НБА го нарече „несоодветен коментар што го доведува во прашање интегритетот на судиите“, објави „ESPN“.
Како што објави новинарот на оваа медиумска куќа, Шамс Чаранија, казната се однесува на коментарите на Грин дадени откако беше исклучен поради шест лични грешки во поразот на неговиот тим од Минесота со 97:102 во третиот натпревар од плејоф серијата.
Грин заработи пет технички и два неспортски фаули во текот на плејофот.
Дрејмонд платил вкупно 992.000 долари казни во текот на својата кариера, од кои 185.000 долари биле за постапки против судии. Покрај тоа, тој изгуби 3,2 милиони долари поради суспензии.
Инаку, Вориуорс, изминатата ноќ беа елиминирани од Минесота во полуфиналето на Западната конференција.