Спорт
Хамшик во јануари ќе замине од Наполи
Капитенот на фудбалерите на Наполи, Марек Хамшик, во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти клубот, објави „Тутоспорт“. Словакот е во Наполи од 2007 година, кога на „Сан Паоло“ пристигна до Бреша.
Истиот извор наведува дека Хамшик размислува да…


Капитенот на фудбалерите на Наполи, Марек Хамшик, во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти клубот, објави „Тутоспорт“. Словакот е во Наполи од 2007 година, кога на „Сан Паоло“ пристигна до Бреша.
Истиот извор наведува дека Хамшик размислува да замине од клубот бидејќи не бил во „центарот“ на проектот на новиот тренер Карло Анчелоти. Од почетокот на сезоната, Хамшик, на само еден од петте натпревари што ги има одиграни Наполи, на теренот минал 90 минути.
Хамшик со 120 гола е најефикасниот фудбалер во историјата на Наполи, зад него е дури и легендата Диего Марадона. За овој тим Словакот досега има одиграно 503 натпревари.
Доколку реши да земине од Наполи, најверојатно негова следна дестинација ќе биде Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ ќе испрати понуда за дефанзивецот на Валенсија

Foto/ EPA-EFE/Ana Escobar
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, има намера да ја засили одбраната во летниот преоден рок.
Веднаш по завршувањето на сезоната, ПСЖ стапи во контакт со Борнмут во врска со украинскиот дефанзивец Иља Забарњи. Преговорите не вродија со плод, Борнмут не отстапува од сумата која ја одреди. Клубот од јужниот дел на Англија бара 60 милиони евра.
Свесни дека Борнмут нема да попушти, од ПСЖ се свртеа кон играчот на Валенсија, Јарек Гашоровски.
Иако е под договор до 2027 година, Валенсија би можела да прифати понуда од околу 12 милиони евра, што е далеку под откупната клаузула од 60 милиони евра.
Покрај ПСЖ, интерес за Гашоровски покажаа и Брајтон, ПСВ …
Спорт
Баерн заинтересиран за Маркус Рашфорд

Foto/ EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (27), откако Астон Вила потврди дека нема да го откупи неговиот договор за 47 милиони евра.
Германските медиуми објавија дека скаутите на Баерн ги следеле натпреварите на англискиот репрезентативец во Бирмингем минатата сезона.
„Рашфорд совршено се вклопува во профилот на играч што му е потребен на Баерн. Тој е способен да игра на левата страна и како напаѓач“, пишува „Билд“.
Некои британски медиуми објавија дека приоритет на Рашфорд е да ја продолжи кариерата во странство, бидејќи сака да оди во клуб кој ќе се бори за трофеи.
Деновиве тој изјави дека би сакал да игра со Ламин Јамал во Барселона, но иако Каталонците се заинтересирани, проблемот се парите.
Рашфорд ја започна кариерата во младинските категории на Манчестер јунајтед, а за првиот тим на клубот „од Олд Трафорд“ одигра 426 натпревари и постигна 138 голови.
Спорт
Дуран по само шест месеци го напушти Ал Наср

Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран (21) по само шест месеци си замина од Ал Наср. Во јануари Астон Вила го продаде Дуран во Ал Наср за 77 милиони евра и потенцијални бонуси.
Во клубот од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, играше со Кристијано Роналдо, но не успеа да ја освои титулата. Дуран постигна 12 гола на 18 настапи, а сега го напушта клубот и се враќа во Европа.
Иако потпиша договор до 2030 година, тој оди на позајмица во Фенербахче. Таму ќе ја преземе улогата на Един Џеко под водство на Жозе Мурињо.
Дуран се проби низ МЛС, од каде, по 27 натпревари и осум гола за Чикаго Фаер, замина за Астон Вила за нешто помалку од 18 милиони фунти. Имаше само 19 години.