Спорт
(Видео) Холанѓанките во неверојатна драма подобри од Шпанија
Холандија ја забележа и втората победа на ЕП во Франција, откако во интересен меч со 28:27 беа подобри од Шпанките, додека Норвешка по фрустрирачкиот пораз од Германија во првото коло ги „начека“ Чехинките за висока и убедлива 31:17 победа.
Холандија и…

Холандија ја забележа и втората победа на ЕП во Франција, откако во интересен меч со 28:27 беа подобри од Шпанките, додека Норвешка по фрустрирачкиот пораз од Германија во првото коло ги „начека“ Чехинките за висока и убедлива 31:17 победа.
Холандија и Шпанија играа за пласман понатаму откако двете репрезентации имаа убедливи победи во првото коло, и иако „лалињата“ имаа предност од +3 во првото полувреме, финишот беше за инфаркт.
На само 17 секунди пред крајот, Шпанија успеа да израмни на 27:27, но Холанѓанките дојдоа до победата откако Лоис Абинг од огромна далечина успеа да постигне гол за неверојатна победа. Нике Грот заврши со 9 гола за Холандија, Абинг имаше 6, додека за Шпанките Кармин Мартин имаше шест гола.
Актуелниот шампион, Норвешка пак, по изненадувачкиот пораз од Германија, имаше апсолутна доминација над Чехинките, победувајќи со огромни 14 гола разлика.
UNBELIEVABLE! @nedteamhandbal ?? vs @RFEBalonmano ??#NEDESP #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/KC9RkuXXLY
— EHF EURO (@EHFEURO) December 3, 2018
ГРУПА Ц
Хрватска – Унгарија 18:24 (9:13)
Холандија – Шпанија 28:27 (14:11)
Табела: Холандија 4,Шпанија 2, Унгарија 2, Хрватска 0
ГРУПА Д
Германија – Романија 24:29 (11:14)
Норвешка – Чешка 31:17 (20:10)
Табела: Романија 4, Германија 2, Норвешка 2, Чешка 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мбапе го постигна вториот најбрз хет-трик во ЛШ
Килијан Мбапе во Пиреја го постигна вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите.
Олимпијакос го шокира Реал со голот на Чикињо во осмата минута, а потоа следуваше рафал на Мбапе.
Постигна три гола за шест минути и 42 секунди.
Рекордер е Мохамед Салах , а на третото место е поранешниот напаѓач на Лион е Бафетимби Гомис.
Kylian Mbappe has just scored a SIX minute hat-trick against Olympiacos, the second fastest hat-trick in Champions League history:
🥇 M. Salah ⚽️⚽️⚽️ vs. Rangers (06:12)
🥈 K. Mbappe ⚽️⚽️⚽️ vs. Olympiacos (06:42)
🥉 B. Gomis ⚽️⚽️⚽️ vs. Zagreb (08:49)RAPID. 🎩 pic.twitter.com/HoMnL8kiw6
— Statman Dave (@StatmanDave) November 26, 2025
Спорт
(Видео) Пафос ремизираше со Монако, Копенхаген го победи Каират
Фудбалерите на Пафос и Монако ремизираа 2:2, а Копнхаген го победи Каират со 3:2, во петтото коло од Лигата на шампионите.
На Кипар, гостите од Монако два пати водеа, на крајот Пафос успеа да освои бод.
Започна бурно од самиот почеток, а иницијативата гостите и го отворија резултатот во петтата минута со голот на Минамино.
Потоа Пафос се ослободи и почна да се заканува кон голот на Храдецки. Андерсон ја затресе пречката, а по неколку минути стигна израмнувањето.
Оршиќ изведе квалитетен центаршут од корнерот, а Давид Луиз потсети на брилијантните денови од Челзи и ја погоди мрежата со глава.
Монако ја врати предноста, кога голманот на Пафос Михаила клуб направи грешка, а Балогун сето тоа го искористи за 1:2
Гостите пропуштија шанси да го решат атпреварот, а кога не успеаја во тоа казната ги стигна во 88-та минута. докрајчат противникот и следеше пенал. Повторно прекин,
Мислав Оршиќ повторно испрати одличен центаршут, Шуњиќ ја погоди гредата, а топката од Салису заврши во голот.
Сега двата тима имаат по шест бода по пет одиграни кола.
Копенхаген ја оправда улогата на фаворит и го победи Каират – 3:2.
Данците водеа со 3:0 и се чинеше дека се упатуваат кон рутински триумф. Дајасон, Ларсон и Роберт ја погодија мрежата на гостите, но Казахстанците не се предадоа.
Преку Сатпајев и Бајбек, внесоа неизвесност во Паркен, но Копенхаген ја одбрани предноста на крајот.
Спорт
Партизан ја потврди оставката на Жељко Обрадовиќ
Кошаркарскиот клуб Партизан објави писмо од Жељко Обрадовиќ упатено до јавноста во кое тој се збогува со црно-белите.
Официјално – Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан и клубот го потврди ова со објавување на писмото на најтрофејниот тренер во Европа, кое тој го испрати до сите навивачи и јавноста.
Го објавуваме писмото во целост и без редакциски измени:
„Драги навивачи на Партизан,
Пред четири и пол години се вратив во мојот сакан клуб и тргнав заедно со вас да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел по 10 години нашиот Партизан повторно да стане дел од Евролигата, сите заедно успеавме во тоа.
Игрите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде моментот кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да поднесам неотповиклива оставка.
Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што му помогнаа на нашиот клуб сите овие години, на претседателот на клубот и на сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори.
Многу сум благодарен на сите играчи што беа со нас во овие четири и пол години, на членовите на мојот стручен штаб (многу пати сум истакнал, најдоброто што го имав) и секако голема благодарност до сите навивачи на Партизан! Ви благодарам за вашата безрезервна поддршка, почит и љубов што ни ја дадовте. мене сите овие години во секоја можност!
Секогаш еден од вас, вечно благодарен!
Жељко Обрадовиќ“, пишува тој во писмо објавено на официјалната веб-страница на КК Партизан.

