Спорт
Хрватите откриле кој ја продава бронзата од Франција 1998
Бронзата од Франција во 1998 година на аукција ја ставил колекционер, тој медалот го купил пред десет години. Медалот е еден од десетте во колекцијата на ФИФА што ги добиле претставниците на националните Сојузи и ФИФА.
Изминатите денови во Хрватска се …

Бронзата од Франција во 1998 година на аукција ја ставил колекционер, тој медалот го купил пред десет години. Медалот е еден од десетте во колекцијата на ФИФА што ги добиле претставниците на националните сојузи и ФИФА.
Изминатите денови во Хрватска се крена прашина за тоа кој од фудбалерите решил да го продаде бронзениот медал, освоен на Светското првенство во Франција пред дваесет години.
До ова лето бронзата од Франција го претставуваше најголемиот успех на хрватскиот фудбал поради што гласно одекна во јавноста дека еден од медалите е ставен на продажба.

„Продавачот е колекционер. Тој го купил медалот пред десет години од неименуван функционер на ФИФА“, потврдиле од аукциската куќа „Егон спорт ворлд“ за телевизијата РТЛ.
ФИФА во 1998 година на членовите на хрватскиот тим им поделила 30 медали и уште десет медали што завршиле кај претставници на националните сојузи и функционери на ФИФА.
На оваа колекција ѝ припаѓа медалот што се продава. Тој е проценет на 7.500 евра, а вредноста би му била поголема доколку медалот му припаѓал на некој од хрватските фудбалери.
Станиќ: Ја продаваат невиноста, ги продаваат народите, а не еден бронзен медал
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

