Спорт
Христијан Бузалковски испиша историја за македонскиот мотоспорт, освои бронзен медал на европскиот шампионат во брзински мотоциклизам
Изминатиов викенд во Верона, Италија се одржа „Прајс гивинг серемони“, односно се доделуваа награди за престижниот европски шампионат во брзински мотоциклизам. Најуспешните го добија своето признание, меѓу нив беше и Македонецот Христијан Бузалковски, кој одново докажа дека со многу труд, истрајност и напорна работа успехот е гарантиран.
Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал.
„Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во Македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели“, вели Христијан Бузалковски.
Со „Прајс гивинг серемони“ се заокружи 2023 година, односно доделените награди се за цела претходна сезона, која за Христијан беше подеднакво напорна и плодна.
Христијан за овие десет години активно натпреварување, ја претставува Македонија во најдобро светло во овој спорт, и покрај сите предизвици гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“.
Македонија го доби својот прв награден мотоциклист на европски шампионат, а голема е веројатноста дека во иднина ќе го има и првиот европски или светски шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Атаман повеќе да работи, помалку да зборува, Слукас нема самодоверба“
Пини Гершон,легенда на Макаби и европската кошарка, кој со Макаби ја освои Евролигата во 2004 и 2005 година, го критикуваше Панатинаикос и пред се тренерот Ергин Атаман.
Макаби води со 2-1 во четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата, а четвртиот меч се игра вечерва во Белград.
„Атаман зборува повеќе отколку што си ја врши својата работа како тренер. Разбирам дека е под голем притисок, но мислам дека за следната сезона е поблиску до Турција отколку до Грција. Не сакам да се мешам во политика бидејќи тоа се глупости“, вели 72-годишниот Гершон и додава:
„Тој и Димитрис Јанакопулос (сопственикот на Панатинаикос) ја измислија приказната за да ги стават судиите под притисок, но однесувањето на Панатинаикос во последните години не прави Евролигата да биде на нивна страна.“
На Гершон не му се допадна говорот на телото на Атаман ниту за време на третиот натпревар.
„Некои играчи на Панатинаикос не го сакаат за тренер. Во третиот натпревар седна на клупата, а тоа испраќа лоша порака до играчите. Тренерот секогаш треба да биде активен, за играчите да почувствуваат дека е присутен“.
Вејд Болдвин, кој не играше во третиот натпревар е неизвесен и за натпреварот број 4.
„Макаби е подобар тим со Болдвин, но покажаа дека се супериорни и без него. Ако се врати по четврти натпревар, тоа може да биде големо психолошко засилување за нив“.
Исто така, Гершон смета дека на Костас Слукас му недостасува самодоверба.
„Кошаркарите на Панатинаикос ја изгубија самодовербата, видов играч од 3,5 милиони евра без самодоверба. Слукас е искусен, но ја загуби самодовербата“, заклучува Гершон.
Спорт
(Видео) Карагер заврши во „Жолтиот ѕид“ па пијан ги ги интервјуирал играчите
Џејми Карагер не можеше да одолее на привлечноста на „Жолтиот ѕид“. Првиот полуфинален натпревр во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0) го искористи од прва рака да ја почувствува атмосферата на „Вестфален“.
Карагер од трибината, со навивачите на Борусија го виде победничкиот гол на Никлас Филкруг, со кој Борусија обезбеди минимална предност пред реваншот во Париз.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, сега фудбалски коментатор и аналитичар одлично се забавуваше меѓу најверните навивачи на „милионерите“. Можеби малку премногу, бидејќи се врати во алкохолизирана состојба.
Од студиото го прашаа дали е доволно трезен за да го води интервјуто, кога се врати и го зазеде своето место покрај Петер Шмајхел.
„Тоа всушност има смисла, затоа што не јадев премногу. Јадев чизбургер ооколу два и пол кога стигнав до хотелот. Тоа може да објасни зошто ми се платка јазикот додека зборувам! Осум пива на „Жолтиот ѕид“, имам ново семејство, ново семејство на пријатели, тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, неверојатно“, одговори Карагер.
Во микс зоната, Карагер и Шмајхел го интервјуираа Џејдон Санчо. Карагер го праша: „Ако дојдеш до финалето можеме ли заедно да испиеме неколку пива“.
„Не пијам“, кратко му одговори Санчо.
Jamie Carragher smashed after 8 pints, interviewing Jadon Sancho…
CBS never misses 🤣🤣 pic.twitter.com/CCnsZ7ZMgA
— Project Football (@ProjectFootball) May 1, 2024
Спорт
Анадолу Ефес верува во Мијатовиќ
Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ ја продолжи соработката со Анадолу Ефес, потврди од клубот од Истанбул.
Мијатовиќ го презеде турскиот тим на почетокот на февруари, истиот ден кога беше објавено дека ќе си замине Ердем Џан.
Во тој момент Ефес беше на 16. место во Евролигата, но до крајот на регуларниот дел успеа да се избори за место во плеј-ин.
Таму беа елиминирани од Виртус, но клупските челници искажаа задоволство од неговата работа, поради што и му понудија договор на две сезони.
Ефес пред три дена ја совлада Дарушафака во 29. коло од турскиот шампионат и со тоа го обезбеди првото место пред почетокот на плеј-офот.