Спорт
Цедевита го отпушти Сито Алонсо
Нешто повеќе од еден месец или десет натпревари траеше амбициозниот проект на кошаркарскиот клуб Цедевита. По шестиот пораз од стартот на новата сезона, против Локомотив Кубањ во Еврокупот, клубот му врачи отказ на тренерот Сито Алонсо.
Шпанецот во Цед…

Малку повеќе од еден месец или десет натпревари траеше амбициозниот проект на кошаркарскиот клуб Цедевита. По шестиот пораз од почетокот на новата сезона, против Локомотив Кубањ во Еврокупот, клубот му врачи отказ на тренерот Сито Алонсо.
Шпанецот во Цедевита дојде со амбициозен план, донесе 11 нови играчи со цел клубот да ја освои АБА-лигата, со што би изборил пласман во Евролигата.
Проектот пропадна кога вчера од клубот замина неговиот творец, долгогодишниот генерален менаџер Матеј Мамиќ.
Во клупското соопштение не се наведува дека двете страни се договориле спогодбено да ја раскинат соработката, што значи дека Цедевита ќе мора да му го исплати во целост двегодишниот договор на Алонсо, односно ќе мора да му плати 500.000 евра.
По заминувањето, екипата ќе ја предводи тренерот на вториот тим, Славен Римац, а Мамиќ на функцијата спортски директор ќе го наследи поранешниот тренер на клубот, Вељко Мршиќ.
По заминувањето на спортскиот директор и тренерот, се очекува деновиве отказ да добијат двајца кошаркари, Пабло Агилар и Џош Мегет, а клубот ќе го врати Џејсон Пулен, кој пред три сезони го носеше дресот на Цедевита.
Цедевита во досегашниот тек од сезоната има една победа и три порази во АБА-лигата и две победи и исто толку порази во Еврокупот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

