Спорт
Чемпионшип-лигата му донесе милионска добивка – типувал исто на сите 12 меча во Sport Life и погодил!
Среќно и со милионска добивка заврши драмата во англиската Чемпионшип лига за играчот на Спорт Лајф во Скопје-Центар.
Типувал само на 12 натпревари од последното коло на оваа лига, со еден ист тип – дека во првото полувреме ќе има најмалку еден гол и дека во второто полувреме ќе има најмалку еден гол на мечот (тип 1+I & 1+ II), потоа уплатил 3 220 денари за бруто добивка од 1 милион денари.
И навистина сè му пошло „од рака“. Сите 12 меча завршиле во негова корист, додека на натпреварот Шефилд – Мидлсбoро, посакуваниот гол од второто полувреме се паднал дури во 92-та минута за победа на гостите, но и за среќа на обложувачот на Спорт Лајф. Со тоа тој конечно освоил над 850.000 денари, од кои речиси 300.000 денари од бонус на добивката од акциската понуда на Sport Life „Лето на 500%“ . Во оваа понуда се нудат бонуси за уплатени тикети со најмалку осум пара, а во случајов на овој играч за 12 уплатени мечеви, бонусот на добивката се искачил до 40 отсто.
Сите коефициенти на милионскиот тикет се меѓу 1.40 и 1.75, односно се работи за игри кои реално можат да се остварат. Овој тикет е само уште една потврда дека среќата може во секој момент да ви се насмевне, па дури и на сите 12 меча во едно првенство да има барем по еден погодок во двете полувремиња.
Инаку, последното коло во англиската Чемпионшип заврши успешно за Вест Бромвич албион кој се пласираше во Премиер лигата, а Нотингам форест испадна од Топ 6 и нема да игра во плејофот за пласман во елитата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Германија ја детронизира Франција, Хрвастка на „мускули“ ја победи Унгарија
Ракометарите од Хрватска и Германија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Првите избегнаа катастрофа против Унгарците со пресврт (27:25), вторите ја изненадија Франција во феноменален натпревар (38:34).
Хрватска – Унгарија 27:25 (13:15)
И покрај фактот дека беа во водство до последните 15 минути, избраниците на Чема Родригез потклекнаа во последната четвртина од натпреварот, што немаше никакво значење за нив.
Хрватска се мачеше против борбените Унгарци, успеа да го постигне толку посакуваниот пресврт и да го потврди пласманот меѓу четирите најдобри ракометни нации на Стариот континент, со серијата 7:1 во средината на второто полувреме, со која од минус четири се дојде до предност од два гола.
Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Ловре Кларица, Давид Мандиќ, Марио Шоштариќ и Тин Лучин со по четири гола. Унгарците ги предводеа Бенце Имре (7) и Зоран Илиќ (5).
Германија – Франција 38:34 (19:15)
Во натпреварот што го одлучи тимот што обезбеди пласман во полуфиналето од првата група зад Данска, „панцерите“ направија изненадување и ги надиграа бранителите на трофејот во извонреден натпревар.
Во исто време, Франција остана без директен пласман на Светското првенство, што значи дека ќе мора да игра во квалификациите.
Предводени од Јури Кнор, Германците имаа водство од пет гола до почетокот на втората половина од играта, но противникот се разбуди во продолжението и им приреди на публиката во Хернинг трилер завршница.
Момците на Гисласон ги збија редовите и успеаја да го одбијат налетот на Французите.
Инспирираниот Кнор ја предводеше Германија со 10 гола, додека Дика Мем постигна гол повеќе на спротивната страна.
Доколку Данците ја победат Норвешка како што се очекува, ќе се натпреваруваат против Исланд во борбата за финалето. Ова значи дека втората двојка ќе биде Хрватска – Германија, додека Шведска и Португалија ќе играат во плејофот за петтото место.
Спорт
Пакета си ја исполни желбата, се враќа во Фламенго
Лукас Пакета го напушта Вест Хем и се враќа дома во Фламенго.
Како што беше најавено во текот на претходните недели, Пакета успеа да го натера Вест Хем да преговара и да добе обесштетување, од актуелниот шампион на Јуѓна Америка од 42.000.000 евра.
Ова е рекорден трансфер за бразилскиот клуб, а претходното најскапо засилување беше Самуел Лино, кој минатото лето, пристигна од Атлетико Мадрид за 22.000.000 евра.
Лукас Пакета сакаше да се врати во својот матичен клуб, во својот роден град, од кој замина како тинејџер во големиот Милан, како еден од најталентираните Бразилци, за дури 38.500.000 евра. Милан беше преголем залак, тој го напушти „Сан Сиро“ по само 18 месеци и замина во Лион за 23.000.000 евра.
Тој експлодираше во Лион, што беше причина Вест Хем да го купи по две години, во летото 2022 година, за 42.900.000 евра.
Пакета така се враќа во својот Рио по точно седум години, а навивачите подготвуваат спектакуларен пречек за најскапото засилување во историјата на клубот.
Треба да се напомене дека Пакета е во својот најдобар период, бидејќи има 28 години и ќе биде лидер на тимот на Фелипе Луис во борбата за сите трофеи.
Одигра 139 натпревари за Вест Хем, постигна 23 гола и додаде 15 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Исланд се пласира во полуфиналето на ЕП
Ракометарите од Исланд обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство со победа во директен дуел против Словенија со 39:31.
Познато е дека Словенците дојдоа на ова првенство ослабени, без цела една постава, но сепак успеаја да стигнат до последното коло во битката за полуфиналето.
Таму, сепак ќе игра, селекцијата на Исланд, која собра седум бода и сега зависи само од дуелот меѓу Хрватска и Унгарија дали ќе го освои првото или второто место во Групата 2.
Доколку Хрватска победи, ќе биде прва, а доколку одигра нерешено или загуби, Исланд ќе биде прв, а Хрватите би зависеле од дуелот меѓу Швајцарија и Шведска (20:30 часот).
На оваа средба, Словенија беше видливо исцрпена и само во првото полувреме го издржа темпото што го наметна противникот.
На 10 минути пред крајот, Исланд имаше максимални +8 и веќе беше јасно дека Словенија се збогува од борбата за медал.
Видарсон го предводеше Исланд со осум гола, додека Рикардсон и Магнусон постигнаа по седум.
Во словенечкиот тим, Новак беше најефикасен, со девет постигнати гола.
Во истиот временски интервал, но во натпревар од Група 1, Португалија ја победи Шпанија со 35:27.
Португалците моментално се на третото место во оваа група со пет бода, а Шпанците дефинитивно ќе бидат последни со само два.

