Спорт
Червар: Македонија ќе биде мотивирана и со многу навивачи
Селекторот на Хрватска, Лино Червар, на Светкото првенство во Данска и Германија на располагање ќе има 18 ракометари. Поранешниот тренер на Металург и на репрезентацијата ги коментирал противниците на Хрватска, во Б-групата.
„Знаеме дека Шпанија е евро…


Селекторот на Хрватска, Лино Червар, на Светкото првенство во Данска и Германија на располагање ќе има 18 ракометари. Поранешниот тренер на Металург и на репрезентацијата ги коментирал противниците на Хрватска, во Б-групата.
„Знаеме дека Шпанија е европски првак, но и земјите како Јапонија и Бахреин, а особено Јапонија можат да изненадат. Македонија сигурно ќе биде мотивирана и против нас ќе има многу навивачи. Фокусот ние на Исланд, очекувам тежок натпревар. Ги следиме сите репрезентации, исто како што тие не следат нас“, рекол Червар.
Натпреварите во Б-групата ќе се играат во Берлин. Хрватска во првото коло ќе игра против Исланд на 11.јануари, а со Македонија ќе се сретне во третата рунда, на 14.јануари од 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Оливера го продолжи договорот со Наполи

Фудбалерот на Наполи, Матијас Оливера денеска го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година.
Оливера одигра вкупно 90 натпревари за Наполи, за првиот тим дебитираше на 15 август 2022 година.
Уругвајскиот дефанзивец ги пропушти сите натпревари на Наполи во февруари поради повреда, а на теренот се врати на натпреварот против Интер, влегувајќи како замена за Леонардо Спинацола во 82. минута.
Оливера дојде во Наполи од Хетафе, а за репрезентацијата на Уругвај има одиграно 26 натпревари.
Спорт
Семедо се враќа во Бенфика

Спортската управа на Бенфика, според португалскиот весник „Рекорд“, сака да го врати Нелсон Семедо во клубот. Португалскиот репрезентативец, пред речиси осум години го напушти клубот кога се пресели во Барселона.
Семедо сега е фудбалер на Вулверхемптон, но неговиот договор, кој како што стојат работите нема да го продолжи, истекува на крајот од сезонат.
Александер Бах е повреден и Семедо би бил најадекватно решение на позицијата десен бек, сметаат челниците на лисабонскиот клуб.
Преговорите напредуваат и што е најважно, оптимизмот е во согласност со политиката на клубот за враќање на поранешните играчи.
Спорт
Прашање на ден е кога Саутемптон ќе го отпушти Јуриќ

Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи.
Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата.
Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор.
На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа само една победа со Јуриќ, против Ипсвич, кој исто така дојде од Чемпионшип оваа сезона,
Јуриќ има клаузула во договорот што му дава можност на клубот да го отпушти на крајот од сезоната, а веќе се шпекулира дека би можел да биде заменет со тренерот на Шефилд Венздеј, Дени Рол, кој исто така се споменуваше во декември, но во тоа време Саутемптон имаше проблем со откупната клаузула во договорот на Рол.
Дополнителен проблем за Јуриќ е тоа што не успеа да изгради добри односи со играчи кои или не ја разбираат или не сакаат да ја разберат неговата филозофија, како и заладените односи со неколку неименувани играчи.