Спорт
Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ
Здравко Мамиќ е осуден на шест и пол годишна затворска казна поради финансиски малверзации во фудбалскиот клуб Динамо Загреб. Покрај Здравко Мамиќ, судот во Осијек, затворски казни им изрече и на неговиот брат Зоран, како и Дамир Врбановиќ и Милан Пера…

Здравко Мамиќ е осуден на шест и полгодишна затворска казна поради финансиски малверзации во фудбалскиот клуб Динамо Загреб. Покрај Здравко Мамиќ, судот во Осиек затворски казни им изрече и на брат му Зоран, како и на Дамир Врбановиќ и Милан Перар.
Четворицата се обвинети дека Динамо Загреб го оштетиле речиси 16 милиони евра, а државниот буџет 1,6 милион евра.
Најголема казна доби Здравко Мамиќ, брат му Зоран е осуден на четири години и 11 месец, Врбановиќ на три години, а Пернар на четири години и два месеца.
Здравко Мамиќ ќе мора да ги врати незаконски стекнатите пари и ќе му бидат одземени два стана во Загреб. Неговата сопруга во рок од 15 дена мора да ги врати становите што тој ги купил со незаконски стекнатите пари.
Исто така, на семејството Мамиќ ќе му бидат одземени и јахтата, односно автомобилот „бентли“.
Меѓу трансферите со кои бил оштетен буџетот на Динамо се и оние на големите ѕвезди Лука Модриќ и Дејан Ловрен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

