Спорт
Шкендија против Победа, Македонија ЃП оди на Работнички
Денеска, во просториите на Фудбалска репрезентација на Македонија (ФФМ), со ждрепка беа формирани четврт-финалните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија.
Барем на хартија најлесна задача треба да има тимот на Академија Пандев. „Пандевци“ за пласман в…


Денеска, во просториите на Фудбалска репрезентација на Македонија (ФФМ), со ждрепка беа формирани четврт-финалните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија.
Барем на хартија најлесна задача треба да има тимот на Академија Пандев. „Пандевци“ за пласман во полу-финалето ќе играат дво-меч против второлигашот Кораб.
Шкендија патот кон одбраната на трофејот ќе го продолжи во дуелот со прилепска Победа. Силекс за противник ја доби Беласица, а во скопскиот дуел ќе играат Манкедонија ЃП и Работнички.
1/4 финале, Куп на Македонија:
Шкендија – Победа
Силекс – Беласица
Академија Пандев – Кораб
Македонија ЃП – Работнички
Првите средби се играат на 7.ноември, реваншите се на 5. декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артета: Живејте го моментот, прекрасно е ова што ни се случува

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ги замоли своите играчи да веруваат дека можат да ја освојат Лигата на шампионите, откако веќе го елиминираа „најдобриот противник против кој можеа да играат“.
Арсенал го победи актуелниот шампион Реал Мадрид со вкупен резултат од 5:1 во четвртфиналето од Лигата на шампионите, поради што многумина ги сметаат за главни фаворити за освојување на титулата.
„Навистина се радуваме на полуфиналниот натпревар, ќе дадеме сѐ од себе за да победиме. Ги гледам играчите во очи и гледам дека се радуваат на тоа. Мора да ги знаеме границите и колку далеку сакаме да одиме“, рече Артета, објави „Скај Спорт“.
Артета рече дека сите поврзани со Арсенал ја чувствуваат тежината на историскиот момент пред нивниот полуфинален натпревар со Пари Сен Жермен. Првиот натпревар се игра вечерва од 21 часот во Лондон.
„Живеј сега, во сегашноста. Имаме толку среќа што инвестиравме толку многу, го заработивме ова со нашата работа. Ова е прекрасен момент и треба да уживаме во него. Историјата е ирелевантна. Можеме да учиме од неа. Повеќе ме интересира блиското минато, за да можеме да бидеме подобри утре“, рече тој.
На прашањето дали неговиот тим може да се нарече фаворит по натпреварите против Реал Мадрид, Артета рече дека играчите „создадоа ентузијазам и можности што веројатно никој не ги очекувал“.
Во 2006 година, Арсенал загуби во финалето на Лигата на шампионите од Барселона, а три години подоцна во полуфиналето од Манчестер Јунајтед, и оттогаш не успеа да дојде до полуфиналната фаза.
Спорт
(Видео) „Метла“ за Мајами – Кливленд победи со најголема разлика во историјата

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го декласираа Мајами Хит во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот во НБА, и се пласираа во полуфиналето на Источната конференција со максимален резултат од 4-0 во серијата.
Кавалирс победија во Мајами со 138:83. Претходните натпревари првите фаворити на Истокот ги добија со 121:100 (21 поен разлика), 121:112 (девет) и 124:87 (37 поени разлика).
Тоа се вкупно 122 поени во целата серија, најубедливата разлика во историјата на плејофот во НБА.
Претходниот рекорд го држеа Лос Анџелес Лејкерс од 1986 година, кога направија разлика од +109 во четири натпревари од плејофот.
Кога станува збор за повеќе од четири натпревари, рекордот го држеа Денвер Нагетс од 2009 година кога имаа +121.
According to @statmuse, the Cleveland Cavaliers +122 in the series vs the Heat is the LARGEST point differential in a playoff series in NBA history. https://t.co/jkepPMAQtH pic.twitter.com/P875xFNJrZ
— Extra Muse (@extra_muse) April 29, 2025
Српскиот репрезентативец, Никола Јовиќ беше единствената светла точка во тимот на Мајами, постигна 24 поени, речиси двојно повеќе од Бем Адебајо со 13, и Пеле Ларсон и Ендру Вигинс, кои имаа по 12.
Кливленд го предводеше Донован Мичел со 22 поени, Деандре Хантер имаше 19, Ајван Мобли 17, а Џарет Ален забележа 14 поени и 12 скока.
Кавалирс во наредната рунда ќе играат против победникот од серијата помеѓу Индијана и Милвоки, каде што Пејсерс моментално водат со 3-1.
Спорт
(Видео) Батлер и (не)очекуваниот херој Подзиемски го решија Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-1 во четвртфиналната серијата, во Западната конференција, против Хјустон Рокетс.
Вориорс славеа во драматаична завршница со 109:106. Алперен Шенгун, кој во НБА го носи прекарот „Бејби Јокиќ“, го промаши шутот за победа, пред себе го имаше Дрејмонд Грин, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.
Џими Батлер потоа ги погоди двете слободни фрлања и со тоа им донесе победа на „воините“. Батлер, кој поради повредата во вториот меч беше неизвесен и за овој натпревар ги предводеше Вориорс со 27 поени, шест асистенции и пет скока.
Инаку, икс фактор беше бекот на Вориорс Брандин Подзиемски кој постигна рекордни оваа сезона 26 поени. Стеф Кари постигна 17, а Бади Хилд 15 поени.
На спротивната страна, најдобар поединец на натпреварот беше Алперен Шенгун со 31 поен и 10 скока, но тоа не значеше многу по промашениот шут за победа.
Фред Ванфлит имаше 25, Амин Томпсон 17, додека Дилон Брукс го заврши натпреварот со 11 поени.
Серијата се враќа во Хјустон, каде што петтиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток од 01:30 часот.