Спорт
Шмајхел со солзи во очите: Тешко беше да се игра, тој ни беше како татко!
Англискиот фудбалски шампионот од 2016 година, тимот на Лестер поминува низ најтешките моменти во историјата во клубот, откако минатата сабота животот го загуби првиот човек Вачаи Сривадханапрабха во хеликоптерска несреќа.
„Лисиците“ вчера инсистираа д…


Англискиот фудбалски шампионот од 2016 година, тимот на Лестер поминува низ најтешките моменти во историјата во клубот, откако минатата сабота животот го загуби првиот човек Вачаи Сривадханапрабха во хеликоптерска несреќа.
„Лисиците“ вчера инсистираа да го одиграат мечот со Кардиф на гости, извојуваа и минималната победа од 0:1, па истата ја посветија на својот татко, како што го нарекуваа сопственикот на клубот.
Облиен со најсилни емоции изминатиов период беше голманот и капитен на тимот, Данецот Каспер Шамјхел кој во минутата за почит пред меот не можеше да ги задржи солзите.
„Ова беше тежок натпревар во секоја смисла на зборот. Не ни се излегуваше на терен, бидејќи ментално бевме скршени од целокупната ситуација. Јас сум горд на играчите, а многу повеќе на нашите навивачи кои дојдоа во голем број да не бодрат и покрај големата загуба. – изјави Каспер Шмајхел“.
Тој истакна дека „Во првите десет минути воопшто не размислував за фудбал, затоа што во мислите ми беше претседателот и неговата фамилија. Тој ни беше како татко и со ништо на светот не ќе можам да му се заблагодарам на неговите најблиски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленокс Луис ги избра петте најдобри боксери на сите времиња

Ленокс Луис се смета за еден од најголемите имиња во тешка категорија во историјата на боксот. Иако има два порази со нокаут во кариерата, тој успеа да им се одмазди на двајцата борци кои го победија, постигнувајќи вкупно 41 професионална победа. За време на неговата импресивна кариера, поранешниот освојувач на златен олимписки медал се соочи со некои од најголемите легенди во тешка категорија, а неговата борба со Мајк Тајсон е сè уште еден од најпрофитабилните мечеви на сите времиња, пишува „Bloody Elbow“.
Во неодамнешно видео објавено на Инстаграм, Луис го откри својот личен список на петте најдобри боксери во историјата. Интересно е што тој не вклучи ниту еден боксер против кого се натпреварувал, како што се Мајк Тајсон или Евандер Холифилд, иако забележа дека би „се ставил во иста соба со тие борци“.
На врвот на својата листа, Луис очекувано го стави Мухамед Али, чиј прекар „Најголемиот“ совршено го опишува неговото наследство. Заедно со Али, листата вклучува уште четири легенди кои ги дефинираа своите епохи:
Џек Џонсон – првиот црн светски шампион во тешка категорија (1908 – 1915).
„Чудото“ Марвин Хаглер – легендарен борец во средна категорија кој ги победил великаните како Томас Хернс и Роберт Дуран.
Џорџ Форман – поранешен двократен светски шампион во тешка категорија и освојувач на златен олимписки медал.
Џо Луис – сопственик на најдолгото владеење со титулите во историјата на боксот, кое траело 11 години и 8 месеци.
Спорт
Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.
Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.
Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.