Спорт
Шок за Французите – поразени на стартот на Европското ракометно првенство од Португалија
На стартот на Европското ракометно првенството, во групата Б француските ракометари изненадувачки беа поразени од аутсајдерите на Португалија. Дури и најголемите ракометни фанатици не го очекуваа ова, Карабатиќ и компанијата загубија со 25:28. Се чинеше дека ова ќе биде лесна задача за францускиот селектор Дидиер Динарт, но на крај неговиот тим доживеа пораз.
RESULT: What a performance by @AndebolPortugal ??! Showing immense belief in themselves, they beat @FRAHandball ?? 28:25 in Trondheim. ?#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/GAZehNul3M
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2020
Првата голема нервоза навлезе во француските коски непосредно пред крајот на првото полувреме, кога Португалија имаше 12:9 голови разлика, но со брзи два гола, тие заминаа на пауза со поднослив плус еден за Португалија (11:12). Тимот на Динарт се очекуваше да игра подобро во продолжението, но Португалија одигра феноменална одбрана. Десет минути до крајот резултатот беше 19:22, потоа 22:22, потоа 25:25.
На крајот, Португалија додаде гас во финишот и ја собори моќната Франција. Во Франција, најдобар стрелец беше Дик Мем со пет гола, додека Португалија ја предводеше Бранквињо со исто толку голови. Во следното коло домаќинот Норвешка ја чека Франција, па доколку ја освојат БиХ во првото коло, ќе биде многу интересно да се погледнат работите по второто коло.
Од другите резултати, Австрија ја освои Чешката Република, 32:29, додека нејзините соседи Словенците беа подобри од Полјаците, 26:23.
Европското првенство за првпат се одржува во три земји – Австрија, Норвешка и Шведска, и за првпат со 24 селекции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал го растури Бетис, Гарсија неочекуван херој
Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со потера по водечката Барселона. Тимот на Чаби Алонсо убедливо го победи Бетис во натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига со 5:1.
Во отсуство на Килијан Мбапе,неочекуван херој на „кралскиот клуб“ стана младиот Гонзало Гарсија.
Ги постигна првите голови во Ла Лига, натпреварот го заврши со хет-трик. Останатите два гола за Реал ги постигнаа играчите од одбраната, Раул Асенсио и Фран Гарсија.
Foto/ EPA/KIKO HUESCA
Спорт
(Видео) Голчиштето на Рид против Ливерпул
Харисон Рид, играчот на Фулам, во првите денови од новата година, го постигна голот на сезоната во Премиер лигата.
Во 20-то коло од Премиер лигата, Фулам го изненади Ливерпул и извлече бод на својот „Крејвен Котиџ“, натпреварот заврши 2:2.
Не изгледаше дека ќе биде така, бидејќи во 97-та минута беше 2:1 за „Црвените“, но потоа…
30-годишниот Рид, кој само пет минути претходно влезе на теренот наместо Саша Лукиќ, ја зеде топката, се намести и испрати проектил во голот на Ливерепул.
Погледнете:
Last minute of the game against Liverpool and Harrison Reed unleashed THIS ☄️
(via @NBCSportsSoccer)pic.twitter.com/1t2ahT8sKi
— B/R Football (@brfootball) January 4, 2026
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Аморим лут ја напушти прес конференцијата
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ексресно ја напушти прес-конференцијата по нерешениот резултат (1:1) против Лидс.
Манчестер Јунајтед повторно делува лошо на теренот. Без оглед на повредите и отсуствата, тимот успеа да освои само два бода против екипи како Вулверхемптон и Лидс, во последните две рунди.
Нервозата расте, се шпекулира дека исклучително е лош одосот меѓу менаџерот Аморим и директорот за фудбал на Јунајтед, Џејсон Вилкокс.
Вилкокс сака Португалецот да се прилагоди повеќе тактички на она што го има на располагање. Од друга страна, стратегот на Јунајтед наводно е разочаран што клубот нема да биде премногу активен за време на јануарскиот преоден рок.
По ремито против Лидс, Аморим се соочи со многу непријатни прашања. Тој нагласи дека
„Не се викам Томас Тухел, ниту Антонио Конте, ниту Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.
Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим и потоа демостративно ја напушти прес салата.
Foto/ depositphotos

