Спорт
Шпанските медиуми дознаваат, Зидан од јуни на кормилото на Баерн!?
Мадридскиот портал „Окдиарио“ објави дека Баерн е во завршни преговори со Зинедин Зидан и дека е веќе договорено трофејниот Французин да го преземе кормилото на клубот од јуни идната година. Иако Зидан само 4 години е во тренерските води, сепак се чини…


Мадридскиот портал „Окдиарио“ објави дека Баерн е во завршни преговори со Зинедин Зидан и дека е веќе договорено трофејниот Французин да го преземе кормилото на клубот од јуни идната година. Иако Зидан само 4 години е во тренерските води, сепак се чини со Реал Мадрид за краток период стигна до височините на занаетот, па за само една година успеа дури петпати да подигне трофеј како прв човек на „кралевите“ од Мадрид.
Ако се точни пишувањата на шпанските медиуми, тогаш актуелиот тренер Нико Ковач нема да може уште долго да биде стратег на Баварците, уште повеќе што јасно е дека нешто не „штима“ во соблекувалната на Баерн.
По минатонеделниот пораз од Борусија Дортмунд, сите зборуваат за промена на клупата во клубот, а на критиките кон Ковач се придружуваат и дел од фудбалерите, пред сè Франк Рибери, кој по дуелот со Борусија дури го нападна и коментаторот на мечот.
Нико Ковач, кој е екстренер на Ајнтрахт, со Баерн по 11 кола веќе киксна петпати, па трофејниот клуб сега е дури на 5. место на табелата во Бундес-лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Даниелс пред Зубац – Играч со најголем напредок

Дајсон Даниелс од Атланта е играч со најголем напредок (MИП) во НБА. Кошаркарот на Хокс доби најмногу гласови од новинарите кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот.
Секој од гласачите му дава на еден играч прво, второ и трето место, односни 5, 3 и 1 поен.
Даниелс победи со 332 поени, од кои 44 гласачи му дадоа максимален број поени. Втор беше Хрватот Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс со 186 поени и 23 први места. Кејд Канингем од Детроит Пистонс е трет.
Даниелс ја доби наградата за учинок во својата трета сезона во НБА и првата во Атланта. Сезоната ја заврши со просек од 14,1 поен, 5,9 скока, 4,4 асистенции и три украдени топки по натпревар.
Во споредба со минатата сезона, бројот на поени го зголемил за 8,3, скоковите за два, асистенциите за 1,7 и украдените топки за 1,62 по натпревар. Тој беше водечкиот „крадец на топки“, во НБА.
Покрај тоа што ја освои наградата за играч со најголем напредок оваа сезона во НБА, Даниелс беше второпласиран во изборот за најдобар дефанзивен играч во лигата.
Сепак, многу експерти веруваат дека Ивица Зубац, кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата е оштетен. За Клиперси, тој бележеше 16,8 поени, 12,6 скока, 2,7 асистенции со 62,8 проценти реализација од поле.
Спорт
Саудијците не се откажуваат од Винисиус, го сакаат и Анчелоти

Винисиус Жуниор е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид, но постои клуб кој не се откажува од него и е подготвен да понуди неверијатна сума за неговиот трансфер.
Пред една година интерес за Винисиус покажаа клубовите од Саудиска Арабија. Медиумите пренесоа дека Ал Хилал подготвил пакете од 500 милиони евра за да го донесат Винисиус, на кого би му понудиле да биде и промотор на Светското првенство во 2034 година.
Сега клубот од Саудиска Арабија е подготвен да му понуди уште повеќе пари на Винисиус отколку што понуди во претходните обиди. Исто така Ал Хилал за тренер сака да го донесе Карло Анчелоти.
Новите информации говорат дека Ал Хилал ја зголемиле понудата на 800 милиони евра Овој пакет вклучува оштетеа, плата и бонуси, па затоа ќе биде тешко да се одбие таква понуда.
Спорт
Леброн, Роналдо и Меси елиминирани во ист ден

Неверојатна случајност – трио на веројатно најголемите имиња на денешнината, во нивните спортови денес претрпеа елиминации.
Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср стигнаа до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони, беа поразени од Кавасаки Фронтејл со 2:3, Леброн Џејмс и Лејкерси претрпеа уште еден пораз против Минесота во плејоф серијата и ја завршија сезоната, а Лео Меси доживеа слична судбина како неговиот вечен опонент од Португалија.
Интер Мајами беше поразен од Ванкувер со 3:1 и со вкупен резултат од 5:1 беше елиминиран од елитното натпреварување на зоната КОНКАКАФ, Лигата на шампионите.
Така, за само 24 часа, три суперѕвезди ја завршија приказната во најважните натпреварувања.
Дури ни добриот почеток на натпреварот против Ванкувер и водството што го донесе Џорди Алба во деветтата минута не му помогнаа на Мајами. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, по што следеше фуриозно второ полувреме на гостите од Ванкувер.
Меси беше без конкретен учинок во двата натпревари.