Спорт
Шпанците тврдат, за 150 милиони евра Дибала се сели во Атлетико
Паоло Дибала (24) во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус, тоа го тврдат шпанските медиуми. Повикувајќи се на извори блиски до Атлетико Мадрид, тие дознаваат дека тој за 150 милиони евра ќе се пресели на „ванда Метрополитано“.
Дибала во Атлетико …


Паоло Дибала (24) во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус, тоа го тврдат шпанските медиуми. Повикувајќи се на извори блиски до Атлетико Мадрид, тие дознаваат дека тој за 150 милиони евра ќе се пресели на „ванда Метрополитано“.
Дибала во Атлетико би дошол доколку Антоан Гризман замине во Барселона. Според шпанските медиуми Дибала би играл за годишна плата од 10 милиони евра.
Шпанците се сигурни дека траснферот ќе се случи бидејќи минатата недела Дибала бил во Мадрид на вечера со тренерот на „јорганџиите“, Диего Пабло Симеоне.
Дибала, од Палермо во 2015 година стана член на Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Авганистанецот Аскар ново име во редовите на Башкими

Хабибула Аскар е нов играч на Башкими.
Левиот бек од Авганистан пристигнува како слободен агент од Воска Спорт, каде минатата сезона одигра 10 натпревари во Првата лига.
Актуеленниот репрезентативец на Авганистан, со шест настапи за својата земја, има и шведски пасош.
Спорт
Љубов оддалечена за едно столче: Мирка и Роџер Федерер разделени поради протокол

Еден од најголемите тенисери во историјата, Роџер Федерер, го привлече вниманието на јавноста за време на осминафиналниот меч на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс де Минoр.
Иако повеќе не е активен играч, Федерер и понатаму е чест гостин на престижните турнири, а неговото присуство во ложата на Централниот терен секогаш предизвикува интерес меѓу љубителите на тенисот. Сепак, овојпат вниманието не го предизвика само неговото доаѓање, туку и една необична протоколарна ситуација во која се најде.
Имено, организаторите на Вимблдон одлучиле Федерер да седи покрај Деби Џеванс, актуелната претседателка на британската тениска асоцијација. Иако тоа е вообичаена пракса во рамки на спортски и протоколарни настани, она што многумина го забележале е фактот што неговата сопруга Мирка била приморана да седи едно место подалеку, наместо веднаш до Роџер.
Овој распоред на седење предизвикал мала непријатност, како кај присутните, така и на социјалните мрежи, каде што многу корисници коментирале дека брачните партнери треба да седат заедно. Иако немаше јавна реакција ниту од Федерер, ниту од Мирка, ситуацијата остави впечаток дека процедурните правила ја надвладеале основната човечка близина.
Познато е дека Мирка Федерер редовно го следеше својот сопруг на големите тениски настани, како за време на неговата активна кариера, така и по неговото пензионирање. Тие двајца се познати по својот складен брак и блискиот однос, што ја направи оваа сцена уште повпечатлива. Многумина сметаат дека ваквите ситуации лесно можат да се избегнат со малку повеќе флексибилност во организацијата.
Спорт
Синер ги сподели најновите информации за повредата, сите чекаат одлука дали се повлекува

Дали Јаник Синер ќе се соочи со Бен Шелтон во четвртфиналето на Вимблдон? Тоа е прашањето на денот по неговиот натпревар против Григор Димитров.
Иако Синер беше повреден претходно, тој продолжи да игра со проблематичен лакт, а потоа Григор Димитров мораше да го предаде мечот, што го направи петтиот Грен слем по ред од кој се повлече.
Синер двапати падна на тревата за време на натпреварот против Димитров, а еднаш несмасно го извитка лактот, што доведе до барање медицински тајм-аут.
Иако успеа да се врати, Синер имаше многу проблеми, па дури по дополнителните прегледи ќе биде појасно дали ќе продолжи да се бори за трофејот во Лондон.
MRI scheduled tomorrow for Sinner to assess the elbow.
Let’s hope it’s nothing serious.
A strange, emotional night — thank you all for following along.
Let’s stay tuned. Goodnight. 🌙🎾 pic.twitter.com/KvzyE4MUwU— The Sinner Times (@sinnertimes) July 7, 2025
Синер ги сподели најновите информации.
„Беше несреќен пад. Ја погледнав снимката, не изгледаше како незгоден пад, но навистина можев да го почувствувам, особено за време на сервисот и форхендот. Можам да го почувствувам. Ќе видиме. Ќе одиме да го провериме утре за да видиме како ќе оди, а потоа ќе одлучиме“, рече Синер.
Магнетната резонанца е закажана за овој вторник, објави АТП, но не е познато во кое време.
Синер одлучи да ги отпушти физиотерапевтот Улисес Бади и фитнес тренерот Марко Паники два дена пред Вимблдон. Сега нема никој да му даде мислење и да му помогне да се опорави надвор од комплексот, може да го користи официјалниот АТП физиотерапевт во комплексот, но ништо повеќе од тоа.
„Во секој случај имаме добри АТП физиотерапевти. Докторот е добар. Како што реков, утре одиме на магнетна резонанца за да видиме дали има нешто сериозно и да се обидеме да го поправиме“, рече Италијанецот.