Спорт
„Ѓаволите“ не мируваат, Марсијал сакал групен секс додека бремената девојка го чекала дома
Скандалите овие денови не го заобиколуваат Манчестер Јунајтед. По отказот на Жозе Мурињо, напаѓачот на тимот, Ентони Марсијал дополнително ги полни медиумите на Островот.
Британски „Сан“ пренесува дека Марсијал пролетва се допишувал со 20-годишна мане…

Скандалите овие денови не го заобиколуваат Манчестер Јунајтед. По отказот на Жозе Мурињо, напаѓачот на тимот, Ентони Марсијал дополнително ги полни медиумите на Островот.
Британски „Сан“ пренесува дека Марсијал пролетва се допишувал со 20-годишна манекенка и и предлагал секс во тројка додека неговата сопруга била во осмиот месец од бременоста.
Фудбалерот сегашната девојка, Мелани Да Круз ја запознал додека бил во брак со Саманта Џеклин со која има ќерка. Првиот брак му пропаднал затоа што Саманта ја изневерил со Емили Видмен, а со Мелани доби дете на крајот на јули оваа година. Еден месец пред тоа Ентони започнал разговор со францускиот модел Малика Семичи (20) на која и испраќал разголени фотографии, тврдат доброупатени извори.
„На почеток сето тоа беа невини работи, смешни селфија, знаев дека има бремена девојка, но се трудев да не обрнувам внимание на тоа. Дури ме праша и за секс во тројка, јас не го сакав тоа“ – изјавила Малика која 23-годишниот Марсијал ја започнал во ноќен клуб.
Таа рекла дека Марсијал бил многу вознемирен кога разбрал дека Малика ќе дојде во Манчестер, се плашел да не биде откриен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еквадорецот го воодушеви Артета, Арсенал ќе го откупи договорот на Инкапие
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со која Пјеро Инкапие (24) официјално ќе стане играч на „Топџиите“.
Еквадорскиот дефанзивец пристигна во Лондон ова лето како позајмен од Баер Леверкузен за 6.000.000 евра, се покажа добро и кога ќе започне летниот преоден рок, Арсенал ќе го откупи за 52.000.000 евра.
Инкапије е универзален дефанзивец, може да ги покрие сите позиции во задната линија, а Артета го користи најмногу на позицијата лев бек.
Тој ја искористи својата шанса додека Рикардо Калафиори беше повреден, се етаблираше во стартната постава, а викендот доби предност пред закрепнатиот Италијанец во дербито против Тотенхем, кое Арсенал го доби со 4:1.
Како дел од договорот за позајмица, веќе е договорен петгодишен договор што Инкапије ќе го потпише. Германскиот клуб ќе задржи 10 отсто од секој иден трансфер.
Артета неодамна ги пофали квалитетите на Инкапије.
Арсенал моментално е лидер во Премиер лигата со пет бода повеќе и натпревар повеќе од Манчестер Сити, ќе играат против Сити во финалето на Англискиот Лига Куп, а исто така се квалификуваа и за осминафиналето на Лигата на шампионите и завршницата во ФА Купот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мадрид на нозе поради Бенфика, на Јувентус му треба чудо
Вечервашните реванши од плејофот во Италија, Шпанија и Франција ќе ги пополнат преостанатите места во првата „вистинска“ нокаут рунда од елитното натпреварување, познато како Лига на шампиони.
Апенините ќе „горат“ поради Јувентус и Аталанта, со мала надеж дека претставниците на Серија А ќе ја избегнат резултатската гилотина, бидејќи опстанокот во најсилното натпреварување на УЕФА им виси на двата клуба.
Јувентус е во особено тешка ситуација, откако минатата недела го напушти Истанбул со пет гола во мрежата.
Прогнозите се дека Јувентус треба да одигра идеален натпревар или да Галатасарај треба да има многу лош ден.
Во слична позиција е и Аталанта, најмногу поради тоа што во Дортмунд изгледаше многу лошо. Борусија во Бергамо брани предност од два гола.
Доколку два та клуба вечерва испаднат, тоа ќе биде вистинска катастрофа за Серија А, откако синоќа сензационална елиминација од Боде/Глимт доживеа Интер.
Реал Мадрид има минимално водство по првите 90 минути, противБенфика, иако покажаа повеќе од она што резултатот го покажува од гостувањето во Лисабон.
Фудбалската јавност е љубопитна да види како домашната публика ќе ги пречека гостите од Лисабон, откако нивниот играч Винисиус беше жртва, како што тој тврди, на расистичка навреда на „Ла Луж“.
Бенфика ќе биде без тренерот Жозе Мурињо и Џанлука Престијани, кој доби суспензија од УЕФА, токму поради поплаките од Винисиус и Мбапе.
Минатата недела, актуелниот европски првак ПСЖ, надомести минус од два гола во Монако, поради што во реваншот влегува како апсолутен фаворит.
Денот во Лигата на шампионите ќе го отвори дуелот Аталанта-Борусија, во 18.45 часот, сотанатите три натпревари ќе започнат во стандардниот термин од 21 часот.
Спорт
Две жени добиваат кривина во „Алберт Парк“
За прв пат во историјата, две жени ќе го добијат своја кривина во Формула 1, а честа им припаѓа на тркачката инженерка на Естебан Окон, Лаура Милер, и шефицата за стратегија на Ред Бул, Хана Шмиц.
Како дел од прославата на Меѓународниот ден на жената, кривината 6, на патеката „ Алберт Парк“ ќе ги носи имињата на Лаура и Хана на денот на Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешното првенство во Формула 1, но и нова ера во спортот.
Сè ќе биде организирано во рамките на иницијативата „Во нејзиниот агол“, која е дел од партнерството помеѓу компанијата „Engineers Australia“ и организаторите на Големата награда на Австралија со цел да се инспирира следната генерација инженери.
Милер стана првата жена тркачка инженеркам, во историјата на Формула 1, кога ја презеде улогата по доаѓањето на Окон во Хас.
Францускиот возач постојано нагласуваше дека е задоволен што соработува со Лаура и дека нејзиниот напредок во кариерата е исклучително импресивен.
Шмиц соработуваше со голем број возачи откако се приклучи на Ред Бул, а таа одигра голема улога во освојувањето на титулите на Макс Ферстапен во 2022 и 2023 година благодарение на нејзините стратегии.
Големата награда на Австралија на патеката „Алберт Парк“ се одржува на 8 март, но акцијата во Мелбурн започнува два дена порано.

