Спорт
Ѓоковиќ го „избриша патосот“ со Зверев!
„Ловот“ на првото место на АТП листата оди според планот за Новак Ѓоковиќ. Шампионот од Вимблдон и САД опен ја продолжи одличната форма откако го „збриша“ младиот Германец, Александер Зверев со 6:2/6:1 за пласман во финалето на Мастерсот во Шангај.
Све…


„Ловот“ на првото место на АТП листата оди според планот за Новак Ѓоковиќ. Шампионот од Вимблдон и САД опен ја продолжи одличната форма откако го „збриша“ младиот Германец, Александер Зверев со 6:2/6:1 за пласман во финалето на Мастерсот во Шангај.
Светскиот број 3 го декласираше Зверев за точно еден час и му се реваншираше на Германецот за поразот во минатогодишното финале на Мастерсот во Рим. Со оваа победа, Ѓоковиќ од понеделник ќе биде светски број 1, без разлика на тоа што ќе направи во финалето, и е поблиску до првото место на крајот на годината, посебно бидејќи светскиот број 1, Рафаел Надал паузира поради повреда.
Сега, Србинот го чека подобриот од дуелот помеѓу освојувачот на 20 гренд слем титули, Роџер Федерер и хрватскиот предизвикувач Борна Чориќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси ќе остане во Интер

Лионел Меси, првата ѕвезда на МЛС лигата и според многумина еден од најдобрите играчи во историјата, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Интер Мајами.
Како што пренесува порталот „Атлетик“, Меси наводно се договорил за продолжување на соработката со тимот од Флорида.
Легендарниот Аргентинец, кој има 37 години, ќе остане во клубот и по истекот на актуелниот договор, според кој е врзан за Интер до летото 2025 година.
Не е познато до кога Меси ќе продолжи да настапува за овој тим, но јасна е позадината на одлуката.
Имено, тимот во сопственост на Дејвид Бекам во 2026 година ќе се пресели на нов стадион чија вредност е над милијарда долари, а поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сака Меси да биде предводник на тимот кој таму ќе започне нова ера.
Во овој тим покрај Меси се и Џорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез од поранешните фудбалери на Барселона, а на Флорида би можел да се ресели и ѕвездата на Манчестер Сити и еден од најдобрите светски играчи од средниот ред во последните десет години, Кевин де Брујне.
Спорт
Димитров за 45 минути го загуби четвртфиналето во Монте Карло

Бугарскиот тенисер Григор Димитров на неславен начин е елиминиран во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло.
Алекс де Минор беше подобар од 18. тенисер во светот, што само по себе не е изненадување, изненадување претстаува резултатот. Австралиецот по само 45 минути игра се пласира меѓу четирите најдобри во Кнежевството.
Де Минор на противникот не му дозволи да освои ниту еден гем, победи со 6:0, 6:0.
Тоа е негова трета последователна победа над Бугаринот и прво полуфинале на земјана подлога и второ полуфинале во кариерата на Мастерс турнирите.
Што да се каже за самиот меч во кој еден тенисер ги доби сите 12 гема? Димитров за кратко време направи 23 неизнудени грешки, односно три пати повеќе од противникот.
Познато е дека Димитров не сака да игра на оваа подлога, но не толку за да не освои ниту еден гем. Особено против Де Минор, кој и самиот не е специјалист за земјена подлога.
Мора да се признае дека десеттиот тенисер го игра најдобриот тенис во кариерата на земјена подлога бидејќи на претходните три меча во Монте Карло против Махач, Медведев и Димитров испушти само седум гема.
Де Минор за финале ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Лоренцо Музети и Стефанос Циципас. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанците Карлос Алкараз и Алехандро Давидович Фокина.
Спорт
Нов обложувачки скандал во Италија: Многу ѕвезди се под истрага

Нов скандал во врска со местење натпревари го тресе италијанскиот фудбал. Под истрага се многу познати имиња.
Локалната „Ла Република“ внимателно ја следи целата ситуација, а споменатиот медиум наведува дека се појавила нова група осомничени поради одлуката на надлежните органи да ги пребараат телефоните на Сандро Тонали и Николо Фаџоли.
Овие двајца ги отслужија казните за учество во нелегално обложување (Тонали 10 месеци, Фаџоли седум месеци), а содржината на нивните мобилни уреди, на обвинителството во Милано му „препорача“ дури 12 нови имиња.
Во извештајот се споменува дека фудбалерите плаќале огромни суми на нелегални платформи за обложување, а посредник била миланската златарница „Елизијум“.
Надлежните ги пронашле имињата на Алесандро Флоренци (Милан) и Матео Канчелиери (Парма) во табелата за исплата на долгови кон споменатата златарница.
На листата на осомничени се легендарниот крилен играч и поранешен играч на Јувентус, Анхел Ди Марија, како и Николо Заниоло (Фиорентина), Вестон Мекени (Јувентус), Раул Беланова (Аталанта), Самуеле Ричи (Торино), Матијас Перин (Јувентус), Жуниор Фирпо (Лидс) и Леандро Паредес (Рома).
Фаџоли во текот на истрагата признал дека побарал финансиска помош од клупскиот колега Федерико Гати, но и од Раду Драгушин. Двајцата, сепак, не се осомничени.
Споменатите Тонали и Фаџоли повторно се предмет на истрага, а Заниоло изјави дека никогаш не се обложувал на фудбал, туку исклучиво на тенис и казино.
Се уште не е познато кои тенисери се дел од широка нелегална обложувачка мрежа, а миланскиот обвинител во текот на тековниот процес заплени 1.500.000 евра.