Спорт
Ѓоковиќ: Не требаше да бидам тука
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот од Јапонецот Таро Даниел (7:6, 4:6, 6:1) истакнал дека немал големи очекувања од мастерсот во Индијан Велс и дека избрзал со враќањето на тениските терени, по шестнеделната пауза поради операцијата на лактот.
„…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по поразот од Јапонецот Таро Даниел (7:6, 4:6, 6:1), истакнал дека немал големи очекувања од мастерсот во Индијан Велс и дека избрзал со враќањето на тениските терени по шестнеделната пауза поради операцијата на лакотот.
„Му честитам на својот ривал, се бореше и покажа одличен дух на теренот. Јас се чувствував како да го играм својот прв АТП-меч, многу чудно… Немав ритам, имав и здравствени проблеми изминатите недели. Благодарен сум што толку бргу се вратив, но во исто време не се чувствувам добро“, рекол Ѓоковиќ.
„Ми недостигаат натпреварите, но ќе мора да разговарам со тимот и да смислиме стратегија за понатаму. Господ секогаш ни дава предизвик кога тоа најмалку го очекуваме. Секогаш постои нешто добро, за сè постои причина“, рекол Ѓоковиќ и дополнил.
„Не требаше да бидам овде, имав операција пред пет-шест недели така што од турнирот немав никакви очекувања. Не успеав да го пронајдам ритамот, осбено на бекхенд, кој секогаш ми бил цврст како стена. И тоа е дел од некарактеристичните околности во кои се наоѓам во моментот.“
Новак Ѓоквиќ во кариерата петпати го освојувал мастерсот во Индијан Велс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

