Спорт
Ѓоковиќ останува во притвор за време на Божиќ!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ претстојниот голем празник Божиќ ќе го дочека во притвор во Мелбурн, соопштија од Австралија.
Судењето на Ноле, кое штотуку започна, нема да заврши пред понеделник, 10 јануари, кога почнуваат квалификациите за првиот Грен слем сезонава, а дотогаш Србинот сигурно ќе треба да биде во Мелбурн.
Така, Ѓоковиќ ќе биде во притвор за Бадник и Божиќ. Австралијците не се грижат многу за тоа. На тамошните политичари им е важно како да си освојат некој плус бод, за останатото не им е гајле.
Novak Djokovic legal bid adjourned until Monday, just a week before the first match in the Australian Open. Djokovic will remain in Australia over the weekend @theage https://t.co/JFIM93UKGQ
— Paul Sakkal (@paulsakkal) January 6, 2022
Новак моментално е предмет на политичка игра и се чини дека наскоро нема да може да побегне од неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челзи ја декласира Барселона, Баер го победи Манчестер Сити
Фудбалерите на Челзи ја надиграа и убедливо ја поразија Барселона со 3:0, во петтото коло во Лигата на шампионите. За разлика од Челзи, Манчестер Сити доживеа пораз на домашен терен од Баер Леверкузен 0:2. Победи вечерва забележаа Борусија Дортмунд, Наполи, Олимпик Марсеј и Јувентус, додека Славија и Атлетик Билбао одиграа без голови.
Фудбалска рапсодија на Челзи на „Стенфорд Бриџ“. Екипата на Енцо Мареска во сите сегменти ја надигра Барселона. Едина единствена шанса имаше Барселона, во раната фаза на натпреварот, кога сам пред Санчез беше Феран Торес и шутираше крај голот.
Останатиот дел од натпреварот му припадна на Челзи. До водството кое дојде со автоголот на Кунде, на челзи му беа поништени два гола. Дека Барселона ќе доживее пораз беше јасно во 43-та минута кога Араухо беше исклучен поради два жолти картони.
Во второто полувреме, уште еден поништен гол на Челзи, а потоа Естевао постигна брилијантен гол за 2:0, а резервата Делап стави точка на мечот во 78-та минута.
На „Еихад“ во Манчестер, Пеп Гвардиола го потцени Баер леверкузен и доживеа пораз. Гвардиола со комбиниран тим го започна натпреварот, како да станува збор за Лига купот, а не за меч во Лигата на шампионите.
Халанд, Рејндерс, Черки влегоа на теренот на 25 минути до крајот, кога гостите имаа предност од два гола.
До неа дојдоа со головите на Грималдо во 23-та и Шик во 57-та минута.
Резултати:
Ајакс – Бенфика 0:2 (0:1)
/Дал 6, Бареиро 90/
Галатасарај – Унион Сен Жилоа 0:1 (0:0)
/Дејвис 57/
Боде/Глимт – Јувентус 2:3 (1:0)
/Бломберг 27, Фет 87 пен – Опенда 48, Мекени 59, Дејвис 90+1/
Борусија (Д) – Виљареал 4:0 (1:0)
/Гираси 45+2, 54, Адејеми 59, Свенсон 90+5/
Челзи – Барселона 3:0 (1:0)
/Кунде 28 a.г., Естевао 55, Делап 73/
Манчестер Сити – Баер Л. 0:2 (0:1)
/Грималдо 23, Шик 54/
Наполи – Карабаг 2:0 (0:0)
/ Мектомин 66, Јанковиќ 72 а.г./
Марсеј – Њукасл 2:1 (0:1)
/Обамејанг 46, 50 – Барнс 6/
Славија (П) – Атлетик Билбао 0:0 (0:0)
Спорт
Вардар 1961 го декласира Сесвете
Ракометарите на Вардар 1961 го обезбедија првото место во Ф групата и пласман во Топ 16 фазата, во Европската лига. Вечерва на гостински терен го декласираа тимот на Сесвете со 38:24 (23:12).
Сесвете против Вардар 1961 се држеше до резултат 3:5, потоа црвено-црните се одлепија на 4:9 и од тој момент натпреварот стана еднонасочна улица.
Предноста на Вардар 1961 растеше со секоја следна минута.
Валах забележа 11 интервенции, а најефикасен беше Митровиќ со седум гола.
Црвено-црните ќе ка заокружат првата фаза во Европската лига со натпреварот против Тулуз на домашен терен.
Табела:
Foto/ rk vardar. com.mk
Спорт
ФИФА го одреди распоредот на ждрепката, Хрватска е во вториот шешир
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави шеширите во ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Победниците од шесте плејоф натпревари се во четвртиот шешир. Ждрепката ќе се одржи на 5 декември во 18:00 часот во Вашингтон. На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи.
Во првиот шешир се домаќините Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико, како и деветте најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.
Во вториот шешир се Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.
Во третиот шешир е најдобрата репрезентација на европските квалификации, Норвешка, како и Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.
Во четвртиот шешир се Јордан, Зелено’ртските Острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, како и победниците од четирите европски плејоф натпревари и две репрезентации од интерконтиненталниот плејоф.
Во групата А од европскиот бараж се Италија, Велс, Босна и Херцеговина и Северна Ирска, во групата Б се Украина, Шведска, Полска и Албанија, во групата Ц се Словачка, Турција, Романија и Косово, во групата Д се Чешка, Ирска, Данска и Македонија.
ДР Конго, Јамајка и Нова Каледонија се во првата колона од интерконтиненталниот бараж, додека Ирак, Боливија и Суринам се во втората колона.
За прв пат, ФИФА одлучи четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата да бидат сместени во различни делови од ждрепката, за да не се сретнат потенцијално пред полуфиналето.
„За да се обезбеди конкурентска рамнотежа, при изготвувањето на распоредот на натпреварите се утврдени два одделни пата до полуфиналето. Заради избалансирана распределба, четирите најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија, ќе бидат случајно извлечени во спротивни патеки. Ова ќе осигури доколку ги освојат своите групи, дека нема да можат да се сретнат пред финалето“, објави ФИФА.
Во групите нема да има повеќе од еден претставник од истата конфедерација, освен од Европа, која може да има максимум две селекции во иста група.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во 16 градови во САД, Канада и Мексико.

