Спорт
Јовановски: Можеме да го минеме Хонвед
Оптимизам владее во таборот на Работнички, во пресрет на првиот натпревар со Хонвед, во Лига Европа. Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски верува неговите избраници можат да го елиминираат Хонвед.
Јовановски на прес-конференцијата поте…

Оптимизам владее во таборот на Работнички во пресрет на првиот натпревар со Хонвед во Лига Европа. Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски, верува неговите избраници може да го елиминираат Хонвед.
Јовановски на прес-конференцијата потенцира дека најважно е како Работнички ќе одигра на овој двомеч. Многу нешта за конечниот исход ќе зависат токму од тоа.
„Искрено верувам дека ќе успееме во оваа европска пресметка иако кога ни падна Хонвед, можеби многумина и нè прежалија. Јасно е дека го почитуваме противникот, но веруваме и во своите квалитети. Најважно е ние како ќе одиграме иако Хонвед добро го анализиравме. Мислам дека имаме реални шанси да одиме понатаму. Има 180 минути игра, во која многу нешта ќе одлучуваат. На теренот ќе се каже сè“, истакна Јовановски.
Мислењето на тренерот го дели и капитенот на тимот, Остоја Стјепановиќ.
„На нас е да го дадеме максимумот. Имаме квалитет, работевме напорно во текот на подготовките, мислам дека сме добро уиграни и ќе дадеме сè за да се пласираме во следното коло. Хонвед е квалитетен тим, но и ние имаме верба во себе. Секако, посакуваме триумф на првиот меч во Скопје. Во голема мера резултатот од овие дуели ќе зависи од нас самите“,истакна Стјепановиќ.
Првиот натпревар од двојната пресметка меѓу Работнички и Хонвед се игра утре од 17.30 часот на игралиштето на тренинг-центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, во Скопје. Реваншот е на 17 јули во Будимпешта.
извор: fkrabotnicki.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

