Спорт
„Јокиќ не е Че Гевара, ама е најпаметниот центар во НБА“
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, имал интересен одговор на прашањето дали Никола Јокиќ покренал револуција на позицијата центар во НБА лигата.
Сан Антонио Спарс, изминатата ноќ, успешно се справија со Јокиќ и неговите Денвер Нагетс (111:103…

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, имал интересен одговор на прашањето дали Никола Јокиќ покренал револуција на позицијата центар во НБА лигата.
Сан Антонио Спарс, изминатата ноќ, успешно се справија со Јокиќ и неговите Денвер Нагетс (111:103). И покрај поразот Денвер се лидери в Западната конференција.
„Кога ќе го слушнам зборот револуција, мислите ми одат кон Че Гевара, Ленин…Навистина не сметам дека Јокиќ е револуционерен. Мислам дека тоа е хипербола. Ќе кажам дека тој е неверојатен играч. Кога ќе го погледнете знаете дека тој не може да направи ништо погрешно. Тој е добро момче, бевме заедно во Белград. Тој не трча многу, не „виси“ во вежбалница, но веројатно е најпаметниот играч во лигата. Има вештини и знае како да ги користи. Јасно е дека е важен играч за Денвер“, рекол легендарниот тренер на Сан Антонио.
Јокиќ против Сан Антонио го одигра најлошиот меч во декември. За 31 минута на теренот имал учинок од четири поени, четири скока и десет асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Не можеш да зборуваш за титулата ако не победуваш
Нов неуспех, овој пат дома против Брајтон, значително го оддалечи Манчестер Сити од борбата за титулата.
„Граѓаните“ одиграа нерешено во третиот натпревар по ред и доколку Арсенал вечерва победи ќе се оддалечи на осум бода од Сити.
„Ако не победувате, не можете да зборувате за титулата. Имавме одличен резултат против Нотингем Форест, а потоа одигравме три многу добри натпревари. Освен недостатокот на голови, не можам да ги обвинам момците за ништо“, рече Гвардиола.
Но, токму овој недостаток на голови, особено промашувањата на Ерлинг Халанд ги загрижува навивачите.
„Тие имаа моментум, играа многу добро. Но, во последните 15-20 минути имавме неверојатни шанси. Важно е како се справувате со тие шанси, а ние не го направивме тоа добро“.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Не ги знае правилата и како да го држи рекетот, а настапи на ИТФ турнир
Меѓународната тениска федерација (ИТФ) трпи остри критики поради скандалозен натпревар во женска конкуренција.
Снимки од професионален меч, на ИТФ турнирот во Најроби, кружат низ целиот свет. Евидентно е дека една од тенисерките прв пат во својот живот игра тениски меч.
1026-та светска тенисерка Лорена Шедел ја победи својата 21-годишна египетска соперничка Хајар Абделкадер со 6:0, 6:0.
Во текот на целиот натпревар, кој траеше само 37 минути, Египќанката освои само три поени.
What did I just watch? An ITF Tennis tournament in Nairobi, Kenya.
A player, Abdelkadar, who received a wildcard, didn’t seem to know how to play tennis — how to serve, from which side to serve — it looked like it was her first time on a court.
She won just 3 points and made 20… pic.twitter.com/rfEdkutq5I
— Hrach Khachatryan (@hrachoff) January 7, 2026
Абделкадер не само што имаше големи проблеми да ја префрли топката преку мрежата, туку судијата мораше во неколку наврати да ја потсети каде треба да стои за да го започне поенот.
Таа направи 20 двојни грешки на своите 24 сервис поени.
Три поени освои, откако нејзината соперничка направи две двојни грешки и една по неизнудена грешка.
LE DIERON UN WILD CARD EN EL ITF NAIROBI Y NO SABÍA AGARRAR UNA RAQUETA ‼️
Haja Abdelkader se presentó a jugar hoy un partido de Main Draw de un ITF sin saber ni las reglas del tenis.
Ella lo dio todo, pero no alcanzó.
Clavó más de 20 dobles faltas y no devolvió ni un saque. pic.twitter.com/L8BG3XlC9L— Solo Tenis Picks🇦🇷 / Apuestas Deportivas Free (@solotenispicks) January 7, 2026
Според нејзиниот ИТФ профил, ова беше првиот натпревар на Абделкадер во кариерата.
Тоа не е изненадување, но можеби изненадување е тоа што профилот вели дека 21-годишната игра тенис седум години.
Се верува дека на Египќанката некој и го „купил“ местото на турнирот, откако пред самиот почеток се откажа една тенисерка од Кенија.
Спорт
Јамал е најскапиот фудбалер на планетата
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, вреди 343 милиони евра и е најскапиот фудбалер во светот, пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Швајцарскиот завод за статистика има своја методологија за одредување цени. Јамал, 18-годишен европски шампион со Шпанија, е на чело на листата пред напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, вреден 255 милиони евра, и асот на Реал, Килијан Мбапе, вреден 201 милион евра.
Листа на најскапи фудбалери според CIES:
1. Ламин Џамал (Барселона) – 343 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
3. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони
6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони
8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
10. Педри Гонзалез (Барселона) – 130 милиони
Foto/ depositphotos

