Спорт
Џенова го има „новиот Левандовски“: Кшиштоф Пјатек (видео)
Џенова на Горан Пандев стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Фросиноне благодарение на новата полска напаѓачка ѕвезда Кшиштоф Пјатек, кој постигна два гола за три минути за да има вкупно осум постигнати голови досега во само шест меча во Серија А.
Ф…

Џенова на Горан Пандев стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Фросиноне благодарение на новата полска напаѓачка ѕвезда Кшиштоф Пјатек, кој постигна два гола за три минути за да има вкупно осум постигнати голови досега во само шест меча во Серија А.
Фиорентина пак, стигна до значајна победа над Аталанта од 2:0 за да се пробие на третото место во Серија А со 13 поени, дури осум помалку од лидерот Јувентус.
Виола успеа да го скрши отпорот на клубот од Бергамо дури во 63. минута, кога беше досуден контроверзен пенал, а Жордан Верету беше сигурен од белата точка. Кристијано Бираги го потврди триумфот во 93. минута. За Аталанта пак, ова е продолжување на лошата серија и тимот сега има шест натпревари без победа во Серија А.
Krzysztof Piątek (23) has scored 12 goals in all competitions this season, netting in all 7 of his competitive appearances for Genoa:
⚽️⚽️⚽️⚽️ vs Lecce
⚽️ vs Empoli
⚽️⚽️ vs Sassuolo
⚽️ vs Bologna
⚽️ vs Lazio
⚽️ vs Chievo
⚽️⚽️ vs FrosinoneMarksman. ? pic.twitter.com/8IzGQdjL9V
— Scouted Football (@ScoutedFtbl) September 30, 2018
СЕРИЈА А, 7.КОЛО
Болоња – Удинезе 2:1
Киево – Торино 0:1
Фиорентина – Аталанта 2:0
Фросиноне – Џенова 1:2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

