Спорт
10-те играчи на Ливерпул кои никогаш не загубиле на „Енфилд“ (фото)
Ливерпул доминантно е прв на табелата во Премиерлигата по 24 кола со дури 19 бода предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Минатата сезона „црвените“ помалку изненадувачки ја покорија Европа, ја освоија ЛШ, а дел од фудбалерите имаат индивидуален учинок кој досега не е забележан во модерниот фудбал.
Јирген Клоп со доаѓањето на чело на Ливерпул донесе промени во клубот.
На Твитер се појави список со 10 фудбалери на „црвените“, кои се речиси стандардни првотимци, а кои досега не ја осетиле горчината на поразот кога клубот игра на домашниот „Енфилд“.
Алисон Бекер – 27 меча, 25 победи, 2 нерешени
Адриен – 6 меча, 6 победи
Вирџил Ван Дајк – 38 меча, 34 победи, 4 нерешени
Енди Робертсон – 43 меча, 37 победи, 6 нерешени
Фабињо – 21 меч, 20 победи, 1 нерешена
Алекс Окслејд-Чемберлејн – 23 меча, 17 победи, 6 нерешени
Наби Кеита – 15 меча, 13 победи, 2 нерешени
Џердан Шаќири – 15 меча, 14 победи, 1 нерешена
Садио Мане – 59 меча, 50 победи, 9 нерешени
Мохамед Салах – 49 меча, 40 победи, 9 нерешени
Овие податоци илустрираат во каква форма е Ливерпул, посебно кога се работи за настапите на домашен терен.
Players who have never lost a Premier League game at Anfield since joining Liverpool:
Alisson Becker
Adrian
Virgil van Dijk
Andy Robertson
Fabinho
Alex Oxlade-Chamberlain
Naby Keita
Xherdan Shaqiri
Sadio Mane
Mohamed SalahFucking hell pic.twitter.com/IhNVfXtbMh
— The Anfield Wrap (@TheAnfieldWrap) January 28, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јунајтед по пресврт до победа, Тотенхем и Нотингем Форест тонат во бездната
Три натпревари се одиграа во Премиер лигата во терминот од 15 часот, победија домаќините со идентичен резултат 2:1.
Манчестер Јунајтед стигнаа до три бода по пресврт во второто полувреме, против Кристал Палас, а важен детаљ беше директниот црвен картон за Максенс Лакроа во 56-та минута.
Французинот беше тој што му донесе предност на Палас во четвртата минута од играта, но подоцна се претвори во трагична фигура.
Судијата Крис Кавана досуди пенал за Јунајѕед, а по консултација со ВАР собара процени дека треба и да му покажа црвен картон на Французинот.
Најстрогата казна во 57-та минута рутински ја реализираше капитенот на домашниот тим, Бруно Фернандес.
Фернандес запиша и асистенција во 65-та, за Бенјамин Шеско. Словенецот го постигна четврти гол во последните пет натпревари.
Јунајтед сега се искачи на третото место со 51 бод, 10 зад лидерот Арсенал, додека Палас падна на 14-то место и има 35 бода.
Тотенхем и Нотингем Форест жестоко се борат за опстанок, загубија во пресметките со Фулам, односно Брајтон.
Фулам во лонндонската пресметка му го нанесе 13-от пораз на Тотенхем оваа сезона, втор под водство на Игро Тудор. Вилсон и Ивоби му донесоа голема предност на Фулам во првиот дел, во вториот Ришарлисон намали на 2:1, но Тотенхем немаше сила да избегне пораз.
Во Брајтон, конечниот резултат беше поставен по само 15 минути игра. Брајтон поведе преку Гомес во шестата минута, за Форест израмни Гибс-Вајт во 13-та, а две минути подцна ветеранот Велбек го постави конечниот резултат.
Тотенхем е 16-ти со 29, а Форест позиија подолу со 27 поени, Вест Хем на 18 место има 25 бодови.
Foto/ EPA
Спорт
Барселона без Левандовски против Атлетико
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид.
Каталонскиот клуб потврди во официјално соопштение дека Левандовски претрпел силен удар во пределот на очите и дека се здобил со повреда, поради која нема да му биде достапен на Ханси Флик за натпреварот против Атлетико Мадрид.
Ова е огромен удар за Барселона, на која ќе ѝ биде потребна целата расположлива напаѓачка моќ за да се обиде да постигне четири гола и да се врати во двомечот против своите големи ривали.
Во првиот натпревар, Атлетико победи со 4:0 и со тоа им го нанесе најубедливиот пораз на Каталонците во ерата на Ханси Флик.
Од оваа недела е познато дека дури и повредениот Френки де Јонг нема да игра против Атлетико, кој ќе биде надвор од теренот до април, додека Ерик Гарсија нема да игра поради црвениот картон на првиот натпревар.
Натпреварот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за вторник во 21 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Војната влијае и на фудбалот: Одложена „Финалисима“ во Катар
Поради актуелните конфликти во голем број азиски земји, „Финалисима“, натпреварот во кој требаше да се сретнат актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка е одложен.
Натпреварот Шпанија-Аргентина беше закажан за 27 март во Катар, но бидејќи оваа земја е погодена од актуелната воена ситуација, беше објавено дека натпреварот е суспендиран.
Катар беше цел на ирански напади како една од земјите на Блискиот Исток на чија територија се наоѓаат американски воени бази.
Да потсетиме дека САД и Израел го нападнаа Иран во организирана воена операција и во тој процес го елиминираа верскиот лидер на оваа земја, ајатолахот Хамнеи, така што Иран одговори со воздушни напади врз ОАЕ, Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт…
Сето ова ги принуди катарските власти да ги одложат сите фудбалски натпревари и турнири до понатамошно известување.
Foto/ depositphotos

