Спорт
САД ја прегазија Хрватска во Турција
Иако без најголеми ѕвезди американската кошаркарска репрезентација уште на првиот дуел од Светското првенство во Турција покаже дека е еден од најголемите фаворите за титулата со победата од 106:78, додека Либан успеа да ја изненади Канада со 81:71
Во мечот од групата Б на Светското кошаркарско првенство, што се одигра во Истанбул, во салата „Абди Ипекчи“ пред 12.500 гледачи. Американците до победа ги предводеа Ерик Гордон со 16 и Кевин Дурант со 14 поени, додека кај Хрватите парира Бојан Богдановиќ со 17 и Марко Поповиќ со 16 поени. Американците од самиот почеток тргнаа фуриозно и поведоа со 7:0. Хрватите се прибраа и во првата четвртина го имаа и единственото водство на мечот со 19:18, на минута ипол пред крајот на четвртината која сепак заврши со водствот на САД од 22:20. Натпреварот беше речен во втората четвртина кога САД ја направија недостижната предност добивајќи ги вторите 10 минути со 22:6. Во овој период Американците повторно додадоа гас во кус период врзувајќи неколку тројки во низа, додека одбранат ги деконцентрираше хрватските шутери кои не можеа да ја протнат топката низ обрачот така што со секој напад се зголемуваше предноста на противникот. Така на полувреме се отиде предност на САД од 48:26.На почетокот од второто полувреме (двапати по 20 минути во трета и четврта четвртина) САД ја повторија играта од почетокот на мечот и вече во 26. минута ја имаа најголемата предност на мечот од 34 поени разлика (68:34). ЗА среќа на Хрватите, Американците не беа расположени за дотолчување на противникот, а на хрватска страна се разиграа Поповиќ и Богдановиќ па оваа четвртина заврши со 30:22 за САД. Сличната игра продолжи и во последниот период па заврши со 30:28.На крајот и покрај повеќето скокови на Хрватите, процентот за шут од поле, а особено катастрофалните удари за тројки (33,3 отсто) наспроти 40 отсто на САД и од слободни фрлање 42,1 отсто за Хрватска и 54,5 отсто за САД. Во шутот за два поена, пак, САД имаа вонредно високи 65,9 отсто наспроти 48,9 за Хрватска.Словенците очекувано со 80:56 го совладаа Тунис. Најдобар играч кај Слвоенците беше Горан Драгич од НБА клубот Феникс Санс со 16 кошеви, осум асистенции и пет скокови. Тие во следното коло во недела ќе играат со САД.Покрај Победата на Либан над Канада со 81:71, изненадување претставува и победаа од само половина кош (76:74) на Австралија над Јордан кои се засилени со неколкумина натурализирани Американци. во Кајзери. Јорданците дури на 2 минути и 37 секунди пред крајот беа на прагот од изненадување со водство од 71:64, а на 74 секунди до крајот имаа и водство од 75:70, но до крајот не успеаја да постигна ниеден поен. Србија очекувано ја демолираше Ангола со највисоката победа во првото коло со 94:44. Во другите мечеви беа постигнати следните резултати:ГРУПА А (Кајсери)Австралија – Јордан 76-75 и Србија – Ангола 94-44Група Б (Истанбул): Словенија – Тунис 80-56 и САД – Хрватска 106-78Група Ц (Анкара): Грција – Кина 89-81 и Русија – Порторико 75-66Група Д (Измир)Литванија – Нов Зеланд 92-79 и Либан – Канада 81-71
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ првпат присуствуваше на отворање на Зимски олимписки игри
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, приреди вистинско изненадување појавувајќи се на свечената церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, објавуваат српските медиуми.
🚨 🔉🔊 🇮🇹
– Buonasera, @DjokerNole . Come va?
«Bene, bene.»– Che gliene sembra della serata?
«Uno spettacolo bellissimo, come sempre!»– Lei a Parigi ha conquistato la medaglia d’oro olimpica, l’ha voluta, l’ha cercata…
«Sì, sì.» pic.twitter.com/P0UrKkDLab— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) February 7, 2026
По финалето на Австралијан опен, каде што беше поразен од Карлос Алкарас, Ѓоковиќ решил слободното време, според наводите, да го помине со сопругата Јелена и децата во Италија, уживајќи во олимпискиот спектакл.
Новак ја искористи можноста да ја коментира атмосферата во земјата што му била секогаш драга, истакнувајќи дека ова му е првпат да присуствува на отворањето на зимското издание на Игрите.
“Прекрасен спектакл, како и секогаш. Секогаш е убаво да се биде во Италија. Очигледно е дека Италија е земја на спортот. Очекувавме спектакл и тоа го видовме. За мене ова беше прв пат на церемонијата на отворање на Зимските Олимписки игри и тоа беше голема емоција. Многу сум среќен што го доживеав ова искуство со моето семејство”, рече Ноле за италијанските медиуми.
Иако многумина шпекулираа за крајот на неговата кариера по турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ со својата изјава за Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028 година јасно стави до знаење дека сè уште не планира да се повлече. На прашањето за далечната иднина и настапот во САД, тој одговори:
„Далеку е, да. Во овој период од мојот живот и кариера е далеку, но очигледно е дека имам желба да стигнам таму.“
Исто така, на констатацијата дека сè уште успешно се спротивставува на помладите генерации, Новак со насмевка додаде:
„Да, мора. Во секој случај, човек мора да размислува за себе како за млада личност.“

